Македонскиот шампион направи земјотрес во ракометна Европа. Вардар успеа да го победи европскиот ракометен шампион среде Германија и се пласираше во четврт-финалето на Лигата на шампиони.
Кошаркарите на Атланта Хокс загубија и на гостувањето кај Минесота со што заредија четири порази во серија, а нашиот Перо Антиќ се повреди откако згазна на тренерот.
Македонскиот вицешампион одигра одличен натпревар во првата осминафинална битка од Лигата на шампионите и со доста солидна предност од 23:17 ќе оди на реванш мечот против Колдинг.
Во рововска и тешка ракометна битка ракометарите на Вардар стигнаа до нерешен резултат на првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите против силниот Хамбург. Конечниот резултат е 28:28.
Кошаркарите на Атланта Хокс го совладаа Торонто по дополнителни пет минути и ја продолжија серијата од пет победи. Перо Антиќ учествуваше со осум поени.
Дидие Дрогба по две години се враќа на „Стемфорд Бриџ“ каде по оние 1:1, ќе се обиде да го елиминира тимот со кој го подигна пехарот во ЛШ. На втората пресметка „Кралевите“ ќе имаат само тренинг меч против Германците кои имаат негатива од 6:1.
Уште едно солидно издание на Перо Антиќ за четврта победа во серија на Атланта Хокс. Со „дабл дабл" учинок на Антиќ, Атланта ја победи екипата на Шарлот со 97:93.
Македонскиот ракометен шампион почна да си го остварува сонот. Со победата против шведски Савехоф од 24:18, Вардарки избија на челната позиција во групата и обезбедија пласман во елитното фајнлфор друштво.
Кошаркарите на Атланта Хокс ставија крај на црната серија. По шест порази во низа на шестото врзано гостување Атланта славеше кај Јута, а Перо Антиќ повторно одигра значајна улога со двоцифрен учинок.
За прв пат по паузата заради повреда, Перо Антиќ се најде во стартната петорка и одигра одлична партија за Атланта Хокс, но неговиот тим во трилер завршница го забележа шестиот пораз во серија.
По паузата заради фрактурата на скочниот зглоб, Перо Антиќ се врати на терените и тоа со двоцифрен учинок при поразот на Атланта на гостувањето кај Портланд.
Осминафиналните битки во Лигата на шампионите продолжуваат со вечерашните два дуела на кои Германците раните од шокантниот пораз во првенството ќе ги лечат во Русија, додека „Црвените ѓаволи“ ќе се обидат да ја одржат доминацијата против екипите од Грција.
Актуелниот македонски шампион очекувано стигна до лесна победа во претпоследното коло од Лигата на шампионите и уште еднаш го потврди квалитетот во оваа сезона кој им носи пласман во топ 16 фазата. Конечниот резултат против швајцарскиот противник беше 32:25.
Актуелните шампионки на Македонија одиграа тежок и неизвесен меч во третото коло од Лигата на шампионите против Митјиланд, но во неизвесното второ полувреме беа поконкретни и со победа од 24:23 се со една нога во фајнл форот.
Актуелниот шампион на Македонија го потврди својот квалитет на меѓународната сцена и со победа над Динамо Минск, дебитантска за новиот стратег Раул Гонзалес во ЛШ, предвреме обезбеди пласман во топ 16 фазата.
Составот на Лино Червар одигра фантастичен натпревар на тешкото гостување од ЛШ во Париз. Металурзите притиснаа и не се предадоа во вториот дел во кој успеаа да направат и пресврт, но на крајот забележаа достоен пораз од 32:29.
Тимот на Индира Кастратовиќ одлично го стартуваше патот кон фајн форот во ракометната Лига на шампионите. Првиот противник од Германија, тимот на Турингер падна во „Борис Трајковски" и си замина поразен со резултат 31:25.
Легендарниот комесар на најсилната кошаркарска лига во светот по три децении работа ја напушта највисоката раководна функција. Ќе остане запаметен како еден од најзаслужните луѓе за реформите во НБА лигата во 80-те години.
Првиот Македонец во НБА лигата продолжува да пишува нови поглавја во историјата на нашата кошарка. Перо Антиќ е избран во идеалниот тим на ѕвездите во подем кои ќе настапат на Ол стар викендот.
Статусот ѕвезда не значи дека на секој НБА кошаркар му носи и голем профит надвор од теренот. Коби Брајант и Леброн Џејмс се магнети за снимање реклами, а Дирк Новицки изгледа дека никој не го вика за такво нешто. Ова се најплатените кошаркари за оваа сезона.