- Фудбалерите на Челси немаа пораз на последните 14 средби во Премиер лигата се до овој викенд кога беа поразени од Астон Вила на гости.
- Сините од Лондон имаат импресивна серија на домашен терен од 75 меча без пораз.
- Галатасарај има само еден пораз на последните 23 меча на сите натпреварувања, но победи само четири пати на последните 19 гостувања.
- Турскиот тим има негативен скор од пет порази и три нерешени средби на последните осум гостувања во Англија.
- Жозе Мурињо е во обид да стане првиот тренер со три титули во Лигата на шампионите со три различни екипи. Првата му е со Порто (2004), а втората со Интер (2010).
Типстерите сметаат дека Галатасарај нема шанси на „Стемфорд Бриџ“.
- „Кралскиот тим“ победи на последните 16 меча на сите натпреварувања на домашен терен и прими само два гола на „Сантијаго Бернабеу“ оваа година.
- Реал е непобедлив на последните 30 меча, на кои забележа 25 победи, а тоа е најдолгата серија на Карло Анчелоти без пораз.
- Мадриѓаните имаат фантастичен скор против германските тимови од 19 победи, четири нерешени и само еден пораз пред своја публика.
- Фудбалерите на Реал Мадрид успеаа да постигнат гол на рекордни 32 меча во низа во Лигата на шампионите и со тоа го израмнија рекордот со Манчестер Јунајтед (1998/1999) и Барселона (2011/2012).
- Кристијано Роналдо постигна 48 голови на последните 39 меча на клупски и репрезентативен план, како и пет хет-трикови.
Најголемиот дел од Типстерите веруваат на уште еден триумф на Реал Мадрид.