Атланта ја продолжи серијата победи

Кошаркарите на Атланта Хокс го совладаа Торонто по дополнителни пет минути и ја продолжија серијата од пет победи. Перо Антиќ учествуваше со осум поени.

Атланта и Торонто одиграа возбудлив и израмнет натпревар во кој само во второто полувреме двете екипи дури 23 пати се менуваа во водство, а резултатот беше израмнет 11 пати.

Во регуларниот дел натпреварот заврши со резултатот 106:106, а по продолжението Атланта триумфираше со 118:113.

Антиќ постигна 8 поени (3/3 за 1п, 1/1 за 2п и 1/5 за 3п), а оствари и четири скока, но ја заработи и неговата прева техничка грешка по еден дуел со Лоури.

Предводник на Атланта беше Џеф Тиг со за него рекордни 34 поени, а Милсеп оствари трипл-дабл со 19 поени, 13 скока и 10 асистенции. Најдобар кај Торонто беше Дерозан со 29 поени.

Во сабота наутро во 00:30 по наше време, Атланта ја пречекува екипата на Њу Орлеанс.

Победникот беше одлучен на три од петте одиграни натпревари ноќва во НБА лигата:

Резултати:
Атланта - Торонто 118:113 (пп)
Кливленд - Мајами 96:100
Портланд - Милвоки 120:115 (пп)
Сакраменто - Вашингтон 117:111 (пп)
Голден Стејт - Орландо 103:89

 

19 март 2014 - 09:03