Дабл-дабл на Антиќ, но и пораз на Атланта

Перо Антиќ одигра уште една одлична партија која сепак беше недоволна за неговиот тим кој загуби на гостувањето кај Вашингтон.

По паузата од еден натпревар заради повреда, Антиќ се врати и тоа во голем стил. Тој го забележа својот трет дабл-дабл учинок во НБА кариерата со 13 поени и 12 скокови.

Поефикасни од Антиќ беа Џеф Тиг со 19 и Пол Милсеп со 17 поени, но нивниот учинок не беше доволен и Атланта загуби на гостувањето кај Вашингтон Визардс со 101:97.

Ова е шестти пораз во серија за Атланта и вкупно 41-ви по 72 одиграни натпревари. Тие се на осмата позиција во источната конференција, а зад нив е Њујорк со скор 30-43.

Во вторник наутро во 1:30 по наше време, Атланта на домашен терен ќе ја пречека екипата на Филаделфија.

Резултати:
Вашингтон - Атланта 101:97
Далас - Сакраменто 103:100
Хјустон - ЛА Клиперс 107:118
Сан Антонио - Њу Орлеанс 96:80
Милвоки - Мајами 67:88
Филаделфија - Детроит 123:98

30 март 2014 - 09:57