По серијата од шест порази, со враќањето на Перо Антиќ, Атланта Хокс почна да реди победи. За прв пат по пауза од месец и половина Атланта успеа да врзе две победи во низа откако по гостинската победа над Јута, тие синоќа го победија и Милвоки.
Во интересен и незивесен натпревар, двете екипи дури 12 пати се менуваа во водство и четири пати израмнуваа само во последната четвртина пред Атланта да направи серија од 9:0. На крајот „јастребите" триумфираа со 102:97.
Перо Антиќ одигра уште една солидна партија, а посебно се истакна со неговата игра во одбраната каде забележа 6 скока. За 25 и пол минути игра тој постигна 8 поени, а оствари и 7 скокови и 1 асистенција.
Најефикасен кај Атланта беше Џеф Тиг со 22 поени, а исто толку постигна и Илијасова за Милвоки.
Во недела наутро во 00:30 по наше време, Атланта ја пречекува екипата на Денвер.