Атланта Хокс имаше водство од 15 разлика на полувремето на гостувањето кај Јута, но домаќините се вратија во игра во вториот дел и дојдоа во водството во третата четвртина.
Сепак кошаркарите на Атланта ја презедоа контролата на паркетот во финишот и на крајот триумфираа со 110:112.
Перо Антиќ одигра 23 минути за кои постигна 12 поени (2/2 за 1п, 2/2 за 2п и 2/6 за 3п), а оствари 3 скока, 3 асистенции и 1 блокада.
Корвер постигна 26, а Милсеп 23 поени, додека кај домаќините се истакна Бурк со 23 поени.
Во петок наутро во 00:30 по наше време Атланта ја пречекува екипата на Милвоки Бакс.
Со победата над Вашингтон, екипата на Мајами стана вториот тим по Индијана кој избори пласман во НБА плејофот. Клиперси го забележаа осмиот триумф во серија, а Филаделфија загуби 17-ти пат во низа.
Резултати:
Јута - Атланта 110:112
Шарлот - Денвер 105:98
Бруклин - Торонто 101:97
Мајами - Вашингтон 99:90
Њујорк - Филаделфија 123:110
Милвоки - Орландо 105:98
ЛА Клиперс - Феникс 112:105