Нова повред за Перо Антиќ. Овој пат тој се повреди на бизарен начин. Антиќ го шина десниот зглоб откако згазна на стапалото на тренерот при еден доскок по шут за три поени во третата четвртина. Се уште нема информации за сериозноста на повредата и колку тој ќе отсуствува.
Hawks' Pero Antic sprained his right ankle. After making 3-pointer stumbled over coach on bench. #ATLHawks
— Chris Vivlamore (@ajchawks) March 27, 2014
До повредата, Антиќ одигра 15 и пол минути за кои имаше учинок од 3 поени (0/1 за 2п и 1/4 за 3 поени), 4 скока и 1 украдена топка.
Минесота ја декласираше Атланта со 107:83 со што „јастребите" го забележаа 39-от пораз по 70 одиграни натпревари.
Вечерва во 00:30 по наше време, Атлатна ја пречекува екипата на Портланд.
Резултати:
Минесота - Атланта 107:83
Шарлот - Бруклин 116:111 (пп)
Вашингтон - Феникс 93:99
Бостон - Торонто 90:99
Детроит - Кливленд 96:97
Индијана - Мајами 84:83
Њу Орлеанс - ЛА Клиперс 98:96
Сан Антонио - Денвер 108:103
Сакраменто - Њујорк 99:107
Јута - Мемфис 87:91