
Атланта имаше високо водство од 14 поени на стартот од последната четвртина, но домаќините направија серија од 13:0, а на две минути до крајот и го презедоа водството за на крајот да триумфираат со 96:86.
Антиќ беше најдобар скокач во редовите на Атланта со 10 скока, а за 27 минути игра постигна 4 поени и имаше 3 асистенции.
Најдобар на натпреварот беше Лоури со 25 поени, а кај Атланта се истакнаа Керол и Милсеп со 17 поени.
Во вторник наутро во 00:30 по наше време, Атланта ќе ја пречека екипата на Феникс Санс.