Втор пат во НБА кариерата на Антиќ, македонскиот претставник во најквалитетното светско кошаркарско натпреварување забележува „дабл-дабл" учинок, а Атланта Хокс за прв пат оваа сезона врзаа серија од четири победи.
За скоро 27 и пол минути на паркетот против Шарлот, Антиќ имаше 11 поени и 10 скокови, а имаше и 2 асистенции и 1 украдена топка.
Атланта ја совлада екипата на Шарлот и по 65 одиграни натпревари има скор од 30 победи и 35 порази.
Најефикасен кај Атланта беше Милсеп со 28 поени, а во поразениот тим се истакна Вокер со 20 поени.
Во среда во 00:30 по наше време, Атланта ја пречекува екипата на Торонто Репоторс.