Антиќ се врати со двоцифрен учинок

По паузата заради фрактурата на скочниот зглоб, Перо Антиќ се врати на терените и тоа со двоцифрен учинок при поразот на Атланта на гостувањето кај Портланд.

Перо Антиќ паузираше од 22 јануари заради фрактурата на десниот скочен зглоб и имаше одлично враќање на терените, кое за жал не беше крунисано со победа на неговиот тим.

Антиќ одигра 16 минути за кои постигна 10 поени (2/2 за еден, 1/1 за два и 2/4 за три поени), а оствари и четири скокови. Враќањето на Перо не успеа да ја разбуди екипата на Атланта Хокс која го забележа и четвртиот пораз во серија. Овој пат тие загубија на гостувањето кај Портланд со 102:78.

Соиграчот на Антиќ, Кајл Корвер ја заврши рекордната серија од 127 натпревари во низа на кои постигна барем по една тројка. На овој натпревар тој шутираше 0/5 за три.

Во победничката екипа се истакнаа Мо Вилијамс со 16 поени и Никола Батум со 14 поени и 18 скокови.

Во сабота наутро во 4:30 по македонско време Атланта гостува кај Голден Стејт.

Резултати:
Орландо - Хјустон 89:101
Вашингтон - Јута 104:91
Шарлот - Индијана 109:87
Бостон - Голден Стејт 88:108
Детроит - Чикаго 94:105
Бруклин - Мемфис 103:94
Денвер - Далас 115:110
Милвоки - Сакраменто 102:116
Минесота - Њујорк 106:118
Портланд - Атланта 102:78

6 март 2014 - 08:51