Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Ципрас: Ако не им го сменевме името, ќе мораше да ги признеме како Македонија

20 јуни 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Ако Зоран Заев не го променеше името на државата, Грција ќе беше под голем притисок да ја признае Македонија под уставното име. Ова го откри поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на конференцијата во Атина на која присуствуваа заедно со поранешниот македонски премиер.

  • Се прашувам, ако денес дури и скандинавските земји сакаат да се приклучат во НАТО, каков ќе беше притисокот врз Грција? Без оглед кој е на власт ќе бевме под притисок да го прифатиме уставното име на нашата соседна земја - призна Ципрас пред Заев.

 

извор

САД ги потрошиле скоро сите прецизни ракети со долг дострел

4 август 2026
  • Share
  • Post
  • Копнените сили на САД во петмесечната војна против Иран ги потрошиле „практично сите“ залихи на ракети од типот ATACMS (армиски тактички ракетни системи) и PrSM (ракети за прецизни удари), изјавиле за Ројтерс тројца упатени извори од Вашингтон. Тие не наведуваат колку точно ракети земја-земја ѝ останале на располагање на Армијата на САД.
  • Ракетите ATACMS испорачани од САД ѝ помогнаа на Украина да напаѓа цели длабоко на руска територија. Ракетите PrSM се од понапредна генерација, со уште поголем дострел. Секоја од нив чини над 1 милиони долари.
  • Залихите на PrSM биле мали уште на почетокот на војната, бидејќи тие се релативно нова муниција, но американската војска има нарачано голема количина од нив за 2027 година. Ракетите ATACMS постепено се повлекуваат од употреба и од производство за да бидат заменети со поновите ракети PrSM.
  • Изворите на Ројтерс тврдат дека залихите се намалени поради одлуката на администрацијата на Трамп да избегне класични бомбардирања цели во Иран за да не се загрозат пилотите и авионите. Долгострелното оружје е побезбедно, но во исто време е незаменливо за евентуален судир со земји со многу помоќна противвоздушна одбрана, како што е Кина.
  • „САД поседуваат далеку повеќе муниција од кој било друг во светот и далеку повеќе отколку што ни е потребно. Нашите одбранбени компании во овој момент произведуваат повеќе муниција од кога било досега и ги прошируваат своите погони и капацитети на рекордно ниво“, изјави неодамна претседателот Трамп.
извор

САД продаваат евра за да купуваат јени

4 август 2026
  • Share
  • Post
  • Министерството за финансии на САД продава евра од своите резерви, за да купува јени и да ја заздрави стабилноста на јапонската валута.
  • САД обично користеа долари во досегашните интервенции за засилување на туѓи валути. Продажбата на евра е преседан. Сепак, не се очекуваат големи последици за европската валута, затоа што САД ја имаат во ограничени суми во своите резерви. Федералните резерви на САД претходно се консултирале за потегот со Европската централна банка.
  • „Инфлацијата во САД во моментов е над целното ниво, па затоа сметаат дека дополнително ослабување на доларот не е најдоброто решение“, објаснува Ли Хардман, виш аналитичар за валути во MUFG.
  • Вредноста на јапонската валута во четвртокот падна на 164 јени за 1 долар, што е историски минимум по 1986 година. Вашингтон и Токио договорија заедничка интервенција да го стабилизираат курсот. Со контролираното купување јени, САД ја спречуваат потребата на Јапонија да продава американски државни обврзници, што води кон повисока камата што САД ја плаќаат за своите долгови.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Англиските полицајци од сите вери се повикани да постат за Рамазан

Разно
2

Столе Димитриевски со измешани емоции: Следи посебна, тажна и емотивна сезона за Валенсија

Фудбал
3

Бартломеј Кубковски - првиот човек што го преплива Балтикот

4

Автомеханичарски Мастерклас

Македонштина
5

После поништен испит во Индија, 21 се самоубиле

6

Продал визија за 45 милијарди долари, а потоа сè изгубил за 20 дена

Бизнис
7

Срѓан, колкаво ти е IQ-то?

Мешано
8

Шверцери префрлаат мигранти од Британија до Шпанија

1

Англиските полицајци од сите вери се повикани да постат за Рамазан

Разно
2

Бартломеј Кубковски - првиот човек што го преплива Балтикот

3

После поништен испит во Индија, 21 се самоубиле

4

Продал визија за 45 милијарди долари, а потоа сè изгубил за 20 дена

Бизнис
5

Шверцери префрлаат мигранти од Британија до Шпанија

6

Се враќа Winamp

7

САД продаваат евра за да купуваат јени

8

САД фрлиле бомба од 1 тон врз семејна куќа во Иран

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Автомеханичарски Мастерклас

Балканштина

Спомени од пеколот

Балканштина

Дали глуп човек може да слуша добра музика?

Македонштина

Ништо не може да нè сопре!

Македонштина

Учиме непознати термини: Заштита при работа

Разно

Охрид во 1970

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Шарлиевите ангели

Парадоксот на нашето време

Дајте пишете ги во Устав, ќе биде забавно

Вака тоа треба на 82 години

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy