Уште во воведните минути од мечот третата пресметка за ибраничките на Кастратовиќ против реномираниот дански противник се покажа дека ќе биде тешка пречка за минување. По првите два напади кои завршија неуспешно на двете страни Вардарки го отворија мечот со погодок.
Но работата за нашиот тим на паркетот одеа тешко. Откако ракометарките на Митјиланд по 6 минути играа имаа водство од 2:3, ЖРК Вардар не можеше да постигне гол повеќе од 5 минути. Некаде по десеттата минута од мечот Лекиќ и Радичевиќ се погрижија за пресврт, но тоа беше единственото водство за нашите ракометарки во првиот дел.
Резултатот во продолжението од мечот најчесто беше израмен или во позитива од еден гол за гостинот. Митјиланд беше за нијанса подобар противник кој ги диктираше настаните на мечот и кој на паузата замина со водство од +2.
Кај Вардарки недостасуваше поголема жестина во нападот, како и координација во одбраната, а данските ракометарки тоа го користеа и на стартот од вториот дел влегоа во серија од 3:0 за водство од 10:15.
За среќа ЖРК Вардар за брзо време излезе од шокот и возврати со идентични 3:0. Гостинските потоа направија предност од +4, но атмосферата во „Борис Трајковски“ се вжешти, а тоа беше мотивација плус за нашиот тим кој во 44 минута стигна до израмнување.
Натпреварот од тој момент стануваше сe понеизвесен, а ремито траеше се до 53 минута кога Вардарки конечно стигнаа до прво водство во второто полувреме, на кое Данкињите веднаш одговорија со гол. Но кога најмногу требаше нашите претставнички во ЛШ го одиграа своето на паркетот.
Џокиќ и Кмирова беа во елемнт во завршницата, а одлична на голот беше и Суслина. На 3 минути до крајот на натпреварот Вардарки направија предност од три гола, но драмата продолжи затоа што гостинките намалија на -1.
Во последната драматична минута ЖРК Вардар погреши во напад и не го затвори мечот, но данските ракометарки не го искористија последниот напад за да стигнаt до нерешен резултат.
Суслина го заврши мечот со 13 одбрани. Ѓокиќ постигна пет, а Радичевиќ и Хмирова по четири гола. Кај гостинките голманката Енглер беше тешка за совладување и на крајот успеа да забележи 17 одбрани.