Перо Антиќ по повредата доби шанса во стартната петорка на Атланта Хокс и одлично ја искористи. Тој беше еден од најдобрите во гостинскиот тим и за 30 минути постигна 16 поени (3/5 за 3п, 3/6 за 2п, 1/2 за 1п), а оствари и 6 скока, 2 украдени топки и 1 асистенција.
Седум по 16-те поени тој ги постигна во последната четвртина кога Атланта успеа да се врати од 11 поени негатива, но во последната секунда Џеф Тиг промаши слободно фрлање за израмнување. ЛА Клиперс на крајот триумфираа со 109:108.
Блејк Грифин со 27 поени беше најефикасен на натпреварот, а во екипата на Атланта покрај Антиќ се истакнаа Керол со 19 и Корвер со 17 поени.
Атланта ја завршува низата шест гостувања во вторник наутро во два часот по наше време со натпреварот против Јута Џез.