Стартот на натпреварот наговести дека Вардарки нема така да го минат првиот противник во втората групна фаза кој покажа дека не е дојден во Скопје така лесно да се предаде. До 8 минута се играше гол за гол кога Турингер стигна и до прво водство кое потоа го зголеми на +2.
Избраничките на Кастратовиќ го израмнија резултатот кој беше постојано тесен во првите 30 минути. Од 19 минута на три пати беа во предност од два гола разлика, а на три минути до крајот на полувремето стигнаа до прво водство од три гола предност со кое заминаа на паузата.
Црвенковска со погодок го отвори вториот дел од мечот за +4, а најдобрата ракометарка во светот Андреа Лекиќ постигна два гола во низа во првата серија од 3:0 на натпреварот со која ЖРК Вардар направи значајна предност од 20:14.
Но гостинските не се предаваа така лесно и ја стопија негативата на -2, а расположените Радичевиќ и Дмитровиќ се погрижија за уште серија на Вардар од 3:0 за +5. Ракометарките на Турингер нема повеќе сили за враќање на неизвеснот на овој дуел.
Нашите ракометарки одлично ги доработија последните 10 минути од натпреварот во кој не дозволија никаква неизвеснот. Во 55 минута прашањето за победникот беше решен откако ЖРК Вардар направи недостижни 29:22.
Најпрецизна во таборот на Вардар беше Дмитровиќ со шест гола, Радичевиќ постигна пет, а Суслина блесна на голот со фантастични 17 одбрани.