- Ова е прво меѓусебно соочување помеѓу овие две екипи. Зенит со германските екипи има скор од четири победи, три нерешени и пет порази. Борусија има три победи, и по едно реми и пораз.
- Тимот на Зенит до ова осминафинале стигна со само еден триумф во групната фаза и три нерешени средби. Фудбалерите на Борусија се изнамачија во групата на смртта и им беа потребни дури четири победи.
- За фудбалерите на Зенит ова е второ учество во нокаут фазата. Пред две сезони тие се сретнаа со Бенфика, но откако ја совладаа на домашен терен со 3:2, реваншот значеше елиминација за нив затоа што беа поразени со 2:0.
- Борусија која минатата година беше во финалист, во осминафиналето се сретна со Шахтјор Доњецк. По ремито на гости 2:2, Германците славеа убедливо со 3:0.
- Избраниците на Спалети поради зимската пауза во Русија која трае до 9 март немаат одиграно меч во домашното првенство од 6 декември, а последниот официјален им е оној од ЛШ пет дена подоцна. Тие се лидери во првенството и имаат ист број на бодови со Локомотив Москва.
- Составот на Јурген Клоп викендов беше шокиран од Хамбург со 3:0 и се наоѓа на 20 бодови заостанување зад лидерот Баерн Минхен.
Олимпијакос – Манчестер Јунајтед
- Грчкиот тим ги загуби сите досегашните четири дуели со трикратниот европски првак. Нивните соочувања беа во групната фаза во 2001 и 2002 година, а Олимпијакос на тие средби успеа да постигне само два гола.
- Како домаќини тие може да се пофалат со победи на сите три претходни меча против друг премиерлигаш, а тоа е Арсенал.
- Манчестер Јунајтед е неприкосновен против сите грчки екипи со кои има скор од осум триумфи, две нерешени средби и ниту еден пораз.
- Фудбалерите на Олимпијакос успеаа да изборат пласман во нокаут фазата во драматичното последно коло завршувајќи на втората позиција со ист број на бодови, но подобар меѓусебен дуел од Бенфика.
- Црвените ѓаволи мака мачат во првенството каде се наоѓаат на шестата позиција, но групната фаза во Лигата на шампионите ја завршија без пораз со само три примени голови.
- Олимпијакос нема пораз на последните 19 меча на сите натпреварувања на кои одбележа 16 победи и три нерешени средби.