Шест од осумте први осмина-финални натпревари во Лигата на шампиони завршија со победи на гостите, па повеќето екипи ќе имаат невозможни мисии во реваншите, но историјата покажува дека изненадувањата и пресвртите се составен дел од најелитното европско клупско натпреварување.
Кошаркарите на Атланта Хокс ставија крај на црната серија. По шест порази во низа на шестото врзано гостување Атланта славеше кај Јута, а Перо Антиќ повторно одигра значајна улога со двоцифрен учинок.
Имаме тазе топ 10 листа со најбогати фудбалери на планетата на која прв е Кристијано Роналдо со 2 милиони евра повеќе кеш од Меси. Но да ги ѕирнеме и оние кои легачат и уживаат во парите, а кои според Форбс се најбогати за 2013 година.
За прв пат по паузата заради повреда, Перо Антиќ се најде во стартната петорка и одигра одлична партија за Атланта Хокс, но неговиот тим во трилер завршница го забележа шестиот пораз во серија.
Жером Дуфург е француски бизнисмен и директор на фудбалскиот тим Таланта од Кенија. Во интервју за „serieaddicted“ тој отворено зборува како во Африка талентираните играчи за само 8 евра мито, вадат документи и “стануваат“ повозрасни за да се продадат во странство.
По паузата заради фрактурата на скочниот зглоб, Перо Антиќ се врати на терените и тоа со двоцифрен учинок при поразот на Атланта на гостувањето кај Портланд.
Македонската фудбалска репрезентација со победа над Летонија од 2:1 триумфално ги започна настапите во новата 2014 година. Деби победата на новиот селектор му ја донесоа Јован Костовски со гол во првиот и Агим Ибраими со погодок од белата точка во вториот дел.
Најголемите два спортски брендови ќе се рекламираат и во следните десет години на опремата на најголемите екипи од Серија А. Актуелниот италијански шампион од Најк ќе прави трансфер во Адидас, а Рома за прв во својата историја ќе се облекува во Најк.
И да навивате за четвртолигаш кој е на дното на табелата кој може да испадне еден ранг подолу, во Англија има мала утеха, а за тоа се погрижува тренерот.
Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими ја начна мрежата во елитното италијанско фудбалско првенство. Тимот на Каљари славеше со 3:0 против Удинезе, а нашиот интернационалец асистираше при вториот и одлично се снајде во контра нападот по кој го матираше противникот.поставувајќи го конечниот резултат.
Македонскиот кошаркарски шампион го доби најважниот меч на сезоната кој може да биде клучен за пласман во Еврокупот. На гостински терен против Игокеа, тимот од Аеродром со голем пресврт во последната четвртина славеше убедливо со 65:79.
Рома доминира во Италија, ама не на табелата во Серија А, туку на табелата според висината на казните кои клубовите ги имаат платено заради испадите на нивните навивачи.
Осминафиналните битки во Лигата на шампионите продолжуваат со вечерашните два дуела на кои Германците раните од шокантниот пораз во првенството ќе ги лечат во Русија, додека „Црвените ѓаволи“ ќе се обидат да ја одржат доминацијата против екипите од Грција.
Британските Девствени Острови никогаш немаат снег, но имаат скијачка федерација која ја формираше еден ентузијаст само за да може да учествува на Зимските Олимписки игри во Сочи.
Откако на четирите натпревари од Лигата на шампиони триумфираа гостинските екипи, денес во нокаут фазата од Лига Европа од 16 одиграни натпревари домаќините се радуваа само на два!
Најатрактивната кошаркарска ноќ во годината по пауза од три години и припадна на Источната конференција која по негатива од 18 поени успеа да направи пресврт и на крајот да триумфира со 163:155. МВР признанието отиде во рацете на Кајри Ирвинг.
Актуелниот македонски шампион очекувано стигна до лесна победа во претпоследното коло од Лигата на шампионите и уште еднаш го потврди квалитетот во оваа сезона кој им носи пласман во топ 16 фазата. Конечниот резултат против швајцарскиот противник беше 32:25.