БЛ 10-то коло (прв ден)

ЕВН во тензична игра го совлада ArcelorMittal

Стартуваше втората полусезона од Бизнис Лигата на Македонија.

Глобко Логистик со победа над АМСМ го отвори пролетниот дел на Бизнис Лигата
Глобко Логистик 4-2 (2-0) АМСМ
Глобко Логистик: Александар Божинов 5', Иван Стојановски 11', 28', Денис Џајков 40'
АМСМ: Ивица Аврамовиќ 24', Мартин Фотевски 38'
Пролетниот дел на Бизнис Лигата го отвори екипата на Глобко Логистик и АМСМ. Во првото полувреме иницијативата ја имаше екипата на Глобко Логистик, која покрај тоа што имаше играч помалку, успеа да се одбрани и да го задржи водството кое го оствари во првиот дел од првото полувреме и отиде на полувремето со 2-0. Во второто полувреме екипата на АМСМ се обиде да се врати на натпреварот, внесувајќи голмман-играч на теренот, но екипата на Глобко Логистик не дозволи пресврт и мирно го приведе овој натпревар кон крајот со победа од 4-2.

ЕВН во тензична игра го совлада ArcelorMittal
ArcelorMittal 4-7 (2-3) ЕВН
ArcelorMittal: Љупчо Шегмановиќ 16', Горан Трајков 20', 35', Методија Мијовски 28'
ЕВН: Живко Трпески 5', 25', 30', Слаѓан Божиновски 15', 23', Бојан Маџовски 19', 36'
Бевме сведоци на исклучително израмнето прво полувреме во кое и двете екипи одиграа одлично во нападот, со доста удари кон двата гола. ЕВН замина на полувремето со минимална предност од 2-3. Уште на самиот старт од второто полувреме, екипата на ЕВН го скрши отпорот на ArcelorMittal, остварувајќи забележителна предност од 3 гола, која ја одржуваше до самиот крај на натпреварот и истиот го доби со 4-7.

Eurolink со пресврт до победа над Dominos pizza
Dominos pizza 7-10 (4-2) Eurolink
Dominos pizza: Влатко Ангеловски 9', 18', 20', 32', 33', Рубин Ангелевски 15', Оливер Младеновски 22'
Eurolink: Никола Костовски 9', 24', 25', 30', Јовче Зузаровски 9', 28', 33', Јорданчо Димиџиевски 24', 27', Александар Илиевски 40'
Одлична игра во првото полувреме прикажа екипата на Dominos pizza, која што го изненади помалку опуштениот Eurolink и замина со водство на полувремето од 4-2. Во второто полувреме екипата на Eurolink со неколку погодоци во низа успеа да се врати во натпреварот и да го израмни резултатот, а потоа и целосно да ја преземе иницијативата за на крајот да го добие овој натпревар со 7-10.

24 февруари 2014 - 23:04