БЛ 11-то коло (трет ден)

Во инфаркт завршница ЈСП го победи Гранит

Комплетирано е 11-то коло од Бизнис Лигата на Македонија.

Одлично второ полувреме на SISTINA против МЕПСО
SISTINA 5-2 (1-0) МЕПСО
SISTINA: Никола Трајковски 8', Даниел Боневски 22', Александар Јаневски 32', 34', 39'
МЕПСО: Александар Стојчевски 29', 38'
Прво полувреме во кое беше ставен акцент на одбраната, што може да заклучиме по резултатот на полувремето 1-0, но затоа пак во второто полувреме и двете екипи како да се разбудија, особено во делот на нападот, пред се преку одлично реализирани напади доаѓаа до изгледни шанси за гол. Во ваквата игра екипата на SISTINA беше поуспешна, особено во второто полувреме, и го доби овој натпревар со 5-2.

Лукоил не дозволи изненадување против Dominos Pizza
Dominos Pizza 4-10 (3-6) Лукоил
Dominos Pizza: Рубин Ангелевски 7', Александар Бојовски 18', Оливер Младеновски 20', 35'
Лукоил: Игор Дамјаноски 4', Борче Василев 5', Дејан Зиков 7', 24', 28', Марјан Цветковски 12', Жарко Климкаров 14', Љупчо Апостоловски 15', 30', 38'
Екипата на Dominos Pizza настапи значително ослабена со мал ростер на играчи, речиси и немаше играч во ротација. Со ваквиот мал број на играчи не можеа да си дозволат да го пратат жестокото темпо кое го наметна екипата на Лукоил, која кондиционо беше добро спремена и го доби овој натпревар со 4-10. Полувреме 3-6.

Во инфаркт завршница ЈСП ги освои поените против Гранит
Гранит 4-5 (1-2) ЈСП
Гранит: Ивица Димишковски 6', 26', Дарко Аралампиевски 24', Оливер Ангеловски 34'
ЈСП: Марјан Србиновски 15', Давор Калиновски 18', Тони Спасовски 21', Дејан Блажевски 30', Велко Серафимовски 37'
Во првото полувреме можевме да видиме исклучително квалитетен фудбал и на двете страни. И двете екипи играа во исклучително висок ритам, што бараше одлична физичка подготвеност. На полувремето се отиде со 1-2. Драма во второто полувреме. На самиот старт екипата на ЈСП резултатски се одлепи, но набргу потоа екипата на Гранит го изедначи резултатот. На крајот се влезе во инфаркт завршница во која ЈСП ги однесе бодовите. Крај на натпреварот 4-5.

5 март 2014 - 22:48