БЛ 10-то коло (втор ден)

Montenegro експресно против МЕПСО

Одиграни се уште три натпревари од првото коло во втората полусезона на Бизнис Лигата на Македонија.

Лукоил ги искористи шансите против Македонски Телеком
Македонски Телеком 1-4 (1-1) Лукоил
Македонски Телеком: Агрон Пацоли 17'
Лукоил: Борче Василев 11', Дејан Зиков 28', 40', Жарко Климкаров 37'
Прво полувреме во кое и двете екипи одиграа доста сконцентрирано и ги минимизираа грешките во додавање, што им овозможи да имаат доста течен напад со брз проток на топката. Иако полувремето заврши нерешено со 1-1, имаше опасност за гол во текот на целото полувреме. Во второто полувреме се продолжи во ист ритам и на двете страни, но екипата на Лукоил со поефикасна реализација дојде до водство за победа на овој натпревар од 1-4.

Montenegro експресно против МЕПСО
Montenegro 4-0 (4-0) МЕПСО
Montenegro: Горан Новакоски 1', 3', Ивица Јанковски 4', 10'
МЕПСО: /
Екипата на Montenegro прикажа одлична игра уште на самиот старт од натпреварот, преземајќи ја целосно иницијативата во нападот, постигнувајќи 4 гола за само 10 минути игра. Со тој резултат се отиде на полувремето. Во вториот период и на двете страни мрежите им мируваа, ниту една од екипите не успеа да постигне гол. Натреварот заврши со ист резултат како на полувремето 4-0.

UNIQA со одлична реализација до победа над Оилко
Оилко 5-9 (1-3) UNIQA
Оилко: Гоце Стојковиќ 15', Дејан Димковски 22', Сашо Крстев 31', Кире Павловски 34', Тихи Колевски 40'
UNIQA: Арбен Бајрами 11', Љуљзим Каштањева 16', 20', 38', Арбен Нухиу 26', 30', Ибиш Мисини 27', Салмир Дхамо 30', Влатко Деспотовски 35'
Бевме сведоци на полувреме кое изобилуваше со атрактивни потези и уште поатрактивни голови на двете страни. Екипите беа доста офанзивно расположени, нешто поуспешна беше екипата на UNIQA која отиде со 2 гола предност на полувремето. Во второто полувреме UNIQA од минута во минута го зголемуваше водството за да на крајот издвојува победа од 4 гола разлика 5-9.

26 февруари 2014 - 08:25