Вие додека читате Руни си стави 30 фунти в џеб

Од денеска имаме нов најскапо платен фудбалер во светот. Не е ниту Роналдо, ниту Меси, ниту Ибрахимовиќ.

Сите шпекулации за заминувањето на Вејн Руни од „Олд Трафорд“ паднаа во вода. Според Би-Би-Си тој со својот клуб се договори за нов петгодишен договор, а тоа значи дека ќе го носи црвениот дрес до 2019 година.

Е сега да ви кажеме за парите. Англискиот напаѓач ќе заработува по 300.000 фунти неделно, 43.000 фунти дневно, 1.800 фунти на час или 30 фунти на минута. Годишно на неговата сметка ќе легнуваат по 15.6 милиони  фунти или во евра скоро 19 милиони.

Тоа значи дека Кристијано Роналдо кој во септември минатата година стана најплатениот фудбалер со годишна плата од 17 милиони евра, се сели на втората позиција. Пред него приматот го држеше Самуел Ето кој во Анжи имаше 20 милиони евра плата.

Минутата ви истече, а Руни за си заработи нови 30 фунти.

21 февруари 2014 - 15:50