Старт на пролетниот дел на Бизнис Лигата на Македонија

На 24.02.2014 (понеделник) ќе отпочне пролетниот дел на Бизнис Лигата на Македонија.

Натпреварите започнуваат во 19:30, а локацијата е малата сала на спортскиот центар "Борис Трајковски".

И оваа полусезона очекуваме многу интересни натпревари, борбеност на теренот и секако квалитетен фудбал. Крајот на оваа полусезона ќе го одлучи шампионот за оваа година.

За сите подетални информации и распоредите на натпреварите, посетете го официјалниот сајт на Бизнис Лигата на Македонија.

21 февруари 2014 - 09:06