Роналдо го победи Меси на листата на богаташи

Фудбалскиот портал Goal ја објави новата листа на најбогати активни фудбалери на светот, а на врвот пензионираниот Дејвид Бекам беше заменет од Кристијано Роналдо.

Ѕвездата на Реал Мадрид е најбогатиот фудбалер на светот според годишната листа на Goal. Богатството на Кристијано Роналдо е проценето на 148 милиони евра и тој го замени Дејвид Бекам на врвот на оваа листа по пензионирањето на Англичанецот.

На второто место со само два милиони помалку е Лионел Меси од Барселона. Самуел Ето, најмногу заради милионите заработени во Русија, се наоѓа на третата позиција пред Руни и Кака.

Во Топ 10 фудбалски богаташи кои сè уште се активни на терените се и Нејмар, Роналдињо, Ибрахимовиќ, Буфон и Анри.

10 март 2014 - 11:33