Шалке загуби со 1:6 од Реал Мадрид, Зенит со 2:4 од Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен има негатива од четири гола против ПСЖ, Манчестер Сити и Арсенал по два, а Милан еден гол заостанување пред реваншите на гостински терен.
Но историјата во Лигата на шампиони покажува дека не е невозможно некоја екипа да направи „камбек" и да го елиминира противникот и покрај тоа што има негатива по првиот натпревар на домашен терен.
Ова се највозбудливите „враќања од мртвите" во Лигата на шампиони според фудбалскиот портал Goal.
Депортиво Ла Коруња - Милан 5:4 - 2003/04
23 март 2004: Милан - Депортиво 4:1
7 април 2004: Депортиво - Милан 4:0
Откако Европскиот Куп стана Лига на шампиони во 1992-та година, само една екипа успеала да направи пресврт откако по првиот натпревар имале негатива од три разлика. Тоа го стори Депортиво во 2004-та година.
Милан имаше сигурна предност од 4:1 по првиот натпревар на кој Кака постигна два гола, но Депортиво не се предаде.
На реваншот поведоа по пет минути, а веќе на полувреме имаа водство од 3:0, за судбината на Милан да ја запечати Фран на 15 минути до крајот.
Вердер Бремен - Динамо Берлин 5:3 - 1988/89
6 септември 1988: Динамо Берлин - Вердер Бремен 3:0
11 октомври 1988: Вердер Бремен - Динамо Берлин 5:0
Во германското дерби во Европскиот Куп кое имаше и голема политичка позадина во 1988-та година, Динамо Берлин го надигра Вердер и го совлада со 3:0 на првиот натпревар.
Но на реваншот на другата страна од берлинскиот ѕид, Вердер го растури Динамо со четири гола во вториот дел.
Барселона - Гетеборг 1985/86 3:3 - 1985/86
2 април 1986: Гетеборг - Барселона 3:0
16 април 1986: Барселона - Гетеборг 3:3
На патот до финалето од Европскиот Куп, екипата на Барселона го елиминираше Јувентус, но се најде пред испаѓање во полуфиналето откако загуби со 3:0 во Гетеборг.
Но Пичи Алонсо со три гола на реваншот го израмни резултатот и Барса со 5:4 по пенали се квалификуваше во финалето каде загуби на пенали од Стеауа.
Дерби - Реал Мадрид 5:6 - 1975/76
22 октомври 1975: Дерби - Реал Мадрид 4:1
5 ноември 1975: Реал Мадрид - Дерби 5:1
Сезоната 1975/76 беше полна со пресврти. Во четврт-финалето Сент Етјен и ПСВ се вратија по негатива од два гола, но најголемиот камбек го направи Реал Мадрид во втората рунда.
Дерби Каунти победи со 4:1 на првиот натпревар со помош на два пенали, но тоа не им беше доволно. Роберто Мартинез со два гола на стартот го најави изненадувањето, а на крајот Реал Мадрид триумфираше со високи 5:1.
Шалке - Копенхаген 5:5 - 1958/59
26 април 1958: КБ - Шалке 3:0
17 септември 1958: Шалке - КБ 5:2
1 октомври 1958: Шалке - КБ 3:1
Шалке е првата екипа која успеала да надокнади негатива од три гола, но најверојатно нема да биде првата која ќе успее да се врати по оние 1:6 од првиот натпревар против Реал Мадрид.
Во тоа време не важеше правилото за гол на гости, па по првите 3:0 за Копенхаген и 5:2 за Шалке на реваншот, овие две екипи одиграа и трет натпревар кој Германците го добија со 3:1.