Гостопримливи домаќини во Европа

Откако на четирите натпревари од Лигата на шампиони триумфираа гостинските екипи, денес во нокаут фазата од Лига Европа од 16 одиграни натпревари домаќините се радуваа само на два!

Победи на домашен терен славеа само Дњипро против Тотенхем и Јувентус против Трабзон. Дури осум натпревари завршија нерешено, а на шест се радуваа гостите, вклучувајќи ги и изненадувањата на Салцбург кај Ајакс и Лудогорец кај Лацио.

Анжи – Генк 0:0 (0:0)
Јувентус –Трабзонспор 2:0 (1:0)
Есбјерг – Фиорентина 1:3 (1:3)
Либерец – АЗ Алкмар 0:1 (0:0)
Дњипро – Тотенхем 1:0 (0:0)
Черноморец – Олимпик Лион 0:0 (0:0)
Динамо Киев – Валенсија 0:2 (0:0)
ПАОК – Бенфика 0:1 (0:0)
Свонси – Наполи 0:0 (0:0)
Порто – Ајнтрахт Франкфурт 2:2 (1:0)
Бетис – Рубин 1:1 (1:0)
Марибор – Севиља 2:2 (1:0)
Викторија Плзен – Шахтјор Доњецк 1:1 (0:0)
Лацио – Лудогорец 0:1 (0:1)
Ајакс – Салцбург 0:3 (0:3)
Макаби Тел Авив – Базел 0:0 (0:0)

За издвојување од денешните средби се неколку интересни моменти.

Голчиштето на Сориано од пола терен против Ајакс:


Ремек-делото на Кварезма против Ајнтрахт Франкфурт:


Утката на Солдадо против Дњипро:


Неуспешната „паненка" на Џаков против Лацио:


20 февруари 2014 - 23:05