Најбогатите пензионирани спортисти

Имаме тазе топ 10 листа со најбогати фудбалери на планетата на која прв е Кристијано Роналдо со 2 милиони евра повеќе кеш од Меси. Но да ги ѕирнеме и оние кои легачат и уживаат во парите, а кои според Форбс се најбогати за 2013 година.

1. Мајкл Џордан – 90 милиони долари
Пензиониран – 2003
Возраст: 51

Најдобриот кошаркар на сите времиња има многу плодна година во која заработи неверојатни 90 милиони долари. Тоа се должи најмногу на зголемувањето на продажба од 11% минатата година на патиките од светскиот „Најк Џордан бренд“ од каде тој добива процент. Има соработка уште со неколку компании, а поседува и седум ресторани како и 80% од кошаркарскиот клуб Шарлот од каде по пет години загуба, профитираше во 2013 година.

2. Арнолд Палмер – 40 милиони долари
Пензиониран – 2006
Возраст: 84

Поранешниот голф играч кој имаше 62 победи во 1973 година, од финансиска гледна точка најмногу пари заработи лани. Продажбата на неговите Арнолд Палмер пијалаци претставуваат 25% од целосните приходи на Аризона во оваа дејност. Ова име е лиценцирано и во цела Азија, каде има 400 продавници за облека и кожа.

3. Дејвид Бекам – 37 милиони долари
Пензиониран: 2013
Возраст: 38

Фудбалската икона се повлече минатата година од терените, но тоа не значи дека ќе застане со правење пари. Тој ја рекламира компанијата за парфеми Coty, како и компанијата за облека H&M. Вклучи договори со уште две азиски компании, а стана и промотор на кинескиот фудбал. Последната поголема негова инвестиција е купувањето на фудбалскиот клуб Мајами во МЛС лигата каде вложи 25 милиони евра.

4. Џек Никлас – 30 милиони долари
Пензиониран: 2005
Возраст: 74

18 кратниот шампион во голф има организирано повеќе од 380 курсеви по голф во 36 различни земји, а во 290 од нив беше директно инволвиран. Неговата компанија во моментов има 55 проекти ширум Азија.

5. Меџик Џонсон – 22 милиони долари
Пензиониран – 1966
Возраст: 54

Петкратниот НБА шампион со продажбата на франшизата за Старбакс и акциите кои ги имаше во Лос Анџелес Лејкерс, од 2010 година заработи над 100 милиони долари. Во моментов тој е инволвиран во спортот со сопствеништво во бејзбол тимот Лос Анџелес  Доџерс и женскиот кошаркарски тим Л.А.Спаркс. Џонсон има бизниси и во осигурителни компании, здравство и храна.

6. Шекил О Нил – 20 милиони долари
Пензиониран: 2011
Возраст: 41

Најдобриот шести стрелец во историјата на НБА лигата и покрај повлекувањето е голема ѕвезда која на Твитер има преку 8 милиони следбеници, втор зад Леброн Џејмс помеѓу спортистите во САД. Тој има рекламни договори со неколку познати американски компанции, а откако минатата година го лансираше „Шек Сода“ пијалакот одбележа најголема продажба во историјата. Чевлите кои ги рекламираше Шек донесоа продажба од 100 милиони пара низ цел свет.

7. Гери Плеер – 19 милиони долари
Пензиониран: 2009
Возраст: 78

Последниот од големата тројка во голф се пензионираше на 18 август 2009 година. Неговата спортска линија тој ја покажа сликајќи се гол во списанието ESPN. По пензионирање одржа 40 курсеви по голф, од кои само два во САД. Голем дел од неговата заработувачка доаѓа од неговите спонзори.

8. Вејн Грецки – 17 милиони долари
Пензиониран: 1999
Возраст: 53

Поранешниот хокеј играч продолжува да биде маркетиншка икона која рекламира четири компании меѓу кои и Самсунг. Неговиот бизнис со вино е во подем, а само минатата година успеа да продаде 65.000 флаши. На Канаѓанецот минатата година му беа исплатени 8 милиони долари, долг од неговиот поранешен клуб Феникс.

9. Грег Норман – 16 милиони долари
Пензиониран: 2012
Возраст: 59

Норман нема одиграно меч од 2012 година, со исклучок на еден годишен настан кој се одржува во негова организација. Тој има победено на 91 натпревар, од кои 20 пати во САД. Има голем број на бизниси со вино, облека, очила, како и бизнис партнери помеѓу кои е и Џони Вокер.

10. Пеле
Пензиониран: 1977
Возраст: 73

Трикратниот светки првак има рекламни договори со дури 8 компании меѓу кои најзвучни се Волцфаген и авиокомпанијата Емирати. Фудбалската икона е избрана за највлијателната спортска личност во Бразил за минатата година, а оваа година за него ќе се снима и филм.

10 март 2014 - 18:59