Секој што прати и чита повеќе фудбал, треба, а веројатно знае дека за да стане Кристијано Роналдо тоа што е денес се убил од работа, што подразбира тренинг, тренинг и само тренинг, секогаш повеќе од другите.
За местенка, некои газди на клубови се спремни ако треба и да го ослабнат сопствениот клуб само да го шитнат мечот за тие пусти пари. Каква балканско - мафијашка лакрдија беше ова. Работава одете во Русија да видите дали сум таму.
Мисијата им е да ја промовираат силата на спортистите без разлика на нивната форма, надворешен изглед, инвалидитет, родова определба. Многу се успешни и продажбата им расте од година во година, а пораката која ја праќат допира до многумина.
Атлетиката се соочува со нов полов скандал. На државното првенство во Кина јавноста забележила необичен пар учеснички и се кренала голема врева околу тоа.
Кога еден Златан ќе потроши такви зборови како на почетокот на видеото што ќе го објавиме, тогаш што сакате повеќе. Но тој проклет телефонски повик од Бразил ја заеба калимерата.
Еден од најдобрите италијански фудбалери на овој век, кој пред неколку години ја заврши кариерата, го дал на суд Алесандро Палацоло, 48-годишен златар од Валенца кој присвојувал добра во негово име.
Иако во изминатите децении Тотенхем беше надвор од првата топ четворка на англискиот фудбал, овој клуб важи за еден од најстарите на светот и за првиот англиски клуб кој освоил европски трофеј. Спарс имаат богата историја која годинава го достигнува врвот.
Да ве праша некој од кој град е овој клуб со чудно име од четири големи букви појма нема да имате, само ќе знаете да одговорите дека го тепаа Јуве. Еј, Јуве го тепаа на кој му дадоа нелогичен коефициент 2. Не бе мамата си ја плакале ова жабариве.
За сомнежите на луѓето од управата и фудбалерите на Ајакс дека играчите на Јувентус биле намерно допингувани за финалето од Лига на шампиони 1996-та на „Олимпико“ во Рим, јавноста не знае баш многу. Италијанците жустро негираат каква било вина и бурно реагираат.
Лутц Бакес, германскиот карикатурист којшто во зоолошка градина ја насликал првата скица за логото за гигантот Puma и кој после сè, останал цврсто на земја иако можел да заработи милиони евра.
Теорија на заговор имало откако е светот и векот, па така и во сегашноста. Ако на Реал игра со Шалке, Баер или Волфсбург, а Арсенал или Рома со Барселона или Баерн во нокаут фаза, одма се наоѓаат луѓе кои тврдат дека има задкулисни игри. Имаат и „факти“ за тоа.
Во текот на целата фудбалска историја Италијанците ги бие глас дека се „намазани“, опасни глумци, а кулминација на оваа теза се случила на 20 октомври 1971 година во германскиот град Менхегладбах каде Интер бил потопен со 7:1 од Борусија.
За време на истрагата за корупција во ФИФА, американското министерство за одбрана продолжува да наведува дека ќе ја лови најголемата птица без да го споменува неговото име, кое ќе се појави на БиБиСи.
Светската анти-допинг агенција (ВАДА) бара суспензија за Атлетската руска федерација и забрана за учество на сите меѓународни натпреварувања во наредните две години. За аферата ја обвинува руската влада.
Претседателот на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ и неговиот брат Зоран Мамиќ кој е тренер на клубот приведени се на хрватската граница откако се враќале од Словенија, а УСКОК привремено го повлекле барање за притвор поради тоа што пристигнале во Загреб.
Во пресрет на полуфиналето против домаќините селекторот на Перу, Гарека го прекинал тренингот откако видел дрон и за тоа го обвинува селекторот на Чиле, Хорхе Сампаоли.
Federbet го објави најновиот извештај за наместени натпревари. Се местело во Албанија, Бугарија и Грција, а Македонија пак ја нема. Но се споменува Македонецот кој може да влијае со сведочењето во однос на играњето на Лацио во Европа.
Местенките во фудбалот не почнаа од Христијан Илиевски, ниту од Лучано Моџи. Тие порано не се правеле за кладилници, туку по принципот „на ти дај ми“ за шампионска титула, опстанок или излез во Европа. Се мешале и моќните политичари, а во оваа историска година Вардар играл чисто.
Откако се откри дека Аргентинецот се обидел со адвокатскиот тим да ја поткупи девојката да не објавува ништо за нивната средба, целата приказна доби судски епилог, во кој подебелиот крај го извади Маркос Рохо.
Поранешниот фудбалер на Милан кој важеше за голем борец и кој често пати ги добиваше жестоките дуели на теренот, најавува дека ќе биде победник и во оваа битка и ги отфрла сите обвинувања дека местел натпревари.
На местенките во Серија А им нема крај. Италијанските власти ги обелоденија сите мечеви кои се предмет на истрага, а според доказите кои ги поседуваат, мечот Милан – Лацио кој завршил без голови го наместиле поранешните соиграчи Кристијан Броки и Џенаро Гатузо.
И покрај откриениот скандал кој резултираше со одземање бодови и парични казни за клубовите, суспензии за играчите, како и со лисици на рацете за дел од местачите, Серија А се уште не мирува. Овој пат под лупа се тренери и функционери, а најбаран е се уште Христијан Илиевски.
Гундуз Исмаилов од Азербејџан по раскинувањето со девојката добил и шамар од неа. На Параолимпијадата во Атина му ставила недозволени средства во пијалокот за што доби доживотна забрана за натпреварување.