Магазинот кој се прослави со разголени спортисти и интервјуа со нив

Мисијата им е да ја промовираат силата на спортистите без разлика на нивната форма, надворешен изглед, инвалидитет, родова определба. Многу се успешни и продажбата им расте од година во година, а пораката која ја праќат допира до многумина.

Во периодот од 2000 до 2010, економската криза силно удри и по американскиот медиски гигант ESPN: во неговиот магазин имало помалку реклами (паднале на 24%), а луѓето се поретко го купувале овој месечник.

Од целата криза, магазинот излезе вешто: во октомври 2009-та година, ESPN и го претстави на публиката специјалот Body Issue. Форматот бил едноставен: познати спортисти позираат разголени, понекогаш прават движење карактеристично за нивниот вид на спорт.

Мотото на ESPN било: да се возвиши силата на спортистите.

Но Body Issue веќе имаше моќен конкурент. Американскиот магазин Sports Illustrated уште од ’60-те години смислил да има насловна со спортистки или модели во капачки кости (овој специјал му принесува од 7-10 процени од приходите на SI).

Концептот на ESPN не бил ништо поразличен. Покрај тоа што позирале, спортистите и спортистките давале и интервју, па со тек на време Body Issue станал и платформа на која познатите ѕвезди можат да кажат нешто повеќе.

Годинава Body Issue слави 10 години јубилеј, а во тој период во фото-сесии учествувале повеќе од 200 спортисти од разни спортови (од фудбал до голф). Меѓу нив и Златан Ибрахимовиќ, Серена и Венус Вилијамс, Конор Мекгрегор, Мани Пакјао, Џон Изнер, Кенет Фарид, Ањешка Радванска, Меган Рапино и други.

СЕРЕНА ВИЛИЈАМС ГО ПРОСЛАВИЛА BODY ISSUE, ПРВА ПРИФАТИЛА ДА СЕ РАЗГОЛИ ЗА НАСЛОВНА

За да направи бум, редакцијата знаела дека мора првата насловна да биде со најголема ѕвезда.

И изборот паднал на Серена, која во таа 2009-та заврши прва на ранг листата, го освои Австралија Опен и по трет пат славеше на Вимблдон.

Интересна е приказната како и пришле. Главниот уредник на ESPN бил гостин на церемонијата на доделувања награда за најдобар спортист на годината - ESPY и во кратки црти и ја објаснил идејата. Серена прашала: „Вие би ме ставиле на насловна?“ Уредникот рекол: „Да“.

За првиот број позирале 20 спортисти. Дебитантскиот специјал бил со шест алтернативни насловни: со Серена, со автомобилистот Карл Едвардс, со НФЛ играчот Адриан Петерсон, со НБА ѕвездата Двајт Хауард, со ММА борецот Џино Карано и паратриатлетката Сара Рејнерстен.

Првиот Body Issue се продал два пати подобро од обичниот магазин ESPN, побарувачката пораснала за 35% од вообичаено. Најмногу се продавало изданието со Серена.

Во 2016-та ѕвезда на Body Issue стана Конор Мекгрегор.

НАЈГОЛЕМИ ХЕРОИ ИСПАДНАЛЕ ПАРАОЛИМПИЈКА, ТРАНСРОДОВ ТРИАТЛЕТ И 77-ГОДИШЕН ГОЛФЕР

Успехот на Body Issue бил толку голем зошто не поставувале никакви бариери: ни на терен, ни за возраст, ни за надворешен изглед.

Еве и докази за тоа.

Параолимпијката Оксана Мастер во 2012 година позирала за Body Issue без протези. Таа се занимавала со велсање, а подоцна се префрлила во зимските спортови (на Паралимпијада во Пјонгјанг го освои златото во спринт на 1,1 км и трката на 5 км).

Таа имала тешка животна судбина. Оксана е родена во Украина, во градот Хмелницки. Дошла на свет со проблеми во развојот: деформитет на ногата (левата и е 15 см пократка од десната) и без неколку прсти на рацете.

Оксана растела во тешки услови: „Ако имавме среќа, ќе касневме супа. Но во принцип ни даваа парче леб, а понекогаш си легнувавме без ништо“, вели Оксана.

На 7 година неа ја посвоила Американка и Оксана се преселила во САД. А во Америка лекарите востановиле дека треба да и се ампутира ногата, а после неколку години и другата нога.

Но храбрата Оксана не се предавала и се посветила на спортот.

Body Issue многу и помогнал да ги преброди тешкотиите.

„Кога ми ја ампутираа едната нога, беше тешко да останам позитивна и да се чувствувам симпатична. Многу луѓе не знаат дека луѓето со ограничени способности можат да бидат многу силни, убави и успешни спортисти. Горда сум на својот грб и моите раце се прилично силни.

Вистина е, јас не секогаш бев самоуверена. Криво ми е што имам протези, но долго се борам. Ми помогнаа помагалата и моето момче. Тој прави да се чувствувам комфорно и како најубава девојка на свет. Звучи глупаво но така е. Долго време не сакав да признаам дека сум поинаква, дека немам нозе. Но обрнав внимание на прекрасните делови од моето тело“, рекла Оксана која е инспирација за многу паралимпијци.

*****

Пред 6 години, за Body Issue позирал и легендарниот 77-годишен голфист Гери Плејер. Тој прифатил фотосесија со цел да и „објави војна на староста“.

„Сакам да му покажам на светот дека на оваа возраст не е задолжително да се прифати староста. Уште работам на ранч, се занимавам со дизајнирање на голф терени, патувам седум месеци во годината. Човек мора постојано да се движи. Ако седиш само на газот и гледаш телевизија секој ден, ти си мртов“.

 ХРАБРОСТ И ЗА ТЕШКАШИТЕ

Во 2015 година на насловната страна се нашла 25-годишната Аманда Бинсон, рекордерка на САД во фрлање кладиво.

„Обично кога ги гледате спортистите, вие гледате мускули. Јас немам такво нешто. Би се нарекла дебела. Важно ми е да покажам дека спортисти можат да бидат луѓе во разна форма, големина“.

Бингсон изјавила дека ако освои злато на Олимпијада, ќе се почасти со пиво.

За Body Issue позирале и тенисерките Даниела Хантукова и Вера Звонарева, како и Крис Пол, Евандер Кејн и многу други.

17 септември 2019 - 15:51