
Во само еден месец, од 21-ви јуни до 23-ти јули, се случувале практично по три смртни инцидентни дневно во просек.
„Во моментов сме на +20% во однос на просекот на интервенции. Невидено нешто!“, вели првиот човек на Италијанската спасувачка служба на Алпите Антонио Делантонио за Кориере дела Сера додека продолжуваат со спасувачките акции, пред сè во Вал ди Фаса каде имаат по 6-8 интервенции на ден.
Со доаѓањето на летните одмори и неподносливите горештини во градовите, планината е бегство од истите и спас. Но гужвите носат и неискусни планинари во обид.
Жртвите најчесто се: 60% екскурзионисти, погодени најчесто од невреме или фатални излизгувања. Останатите 40% се алпинисти, велосипедисти, падобранци...
„Народ се качува без искуство, без опрема, без свесност за својата спремност. Многумина не си ја знаат својата сила. Гледаме некои работи...“, вели Делантонио.
Како на пример едно 13-годишно дете во Вал Сеналес кое пробало да се качи на врвот Пала Бјанка (3.600 метри надморска висина) во старки за гимнастика, тргнувајќи во 22 часот вечер по работата во кујна.
„На 3.100 метри ни се јавија дека смрзнувал“.
Алпската спасувачка служба во соработка со Брза помош и полицијата уште можат да поднесат удари, но притисокот е се поголем.
„Многу не знаат ниту дека спасителните акции се плаќаат. Во Трентино се плаќа 750 евра, во Венето стигнуваат и до 1.000 евра ако се вратат неповредени. Но пола од спасените лица одбиваат да платат дури и кога е избегнато најопасното“.
ПРОБЛЕМ СО ДРУШТВЕНИТЕ МРЕЖИ
Делантонио покажува со прст и во социјалните мрежуи. „Некој се слика на качување, следниот ден некој друг сака да го спаси, но без подготовка. Па дури и се срамат да признаат дека се неспремни. И резултатот?
Луѓе на огромна надморска висина без настрешница, без резервна облека, без вода. Само еден од двајца планинари носи кабаница во ранец. Макар да имаат еден полн телефон со апликацијата GeoResQ кој функционира одлично“, вели шефот на CNSAS (Алпска горска спасувачка служба) Маурицио Делантонио.
Раскажува и за еден потресен случај на 15-годишно дете најдено загинато во Вале д'Аоста откако се изгубило:
„Никогаш не се оди сам на планина. Во тој случај и родителите сносат последици. Треба да се биде построг. Минатата година еден човек беше на ферата со ќерка му во раце. Не беше ниту врзан! Му се јавив следниот ден му реков добро си поминал, за неко чудо си жив.