- Дарко Панчев се расплака на промоцијата на биографската книга посветена на легендарниот фудбалер Васил Рингов „Фудбал под сенка“, чиј автор е новинарот Срѓан Ивановиќ. Тој сподели приказни за Рингов кој почина лани на 23 декември и рече дека бил лидер на две генерации во ФК Вардар.
- „Тој опфати две генерации, една постара, и потоа продолжи да игра и со нас помладите кои се вклучивме по пет-шест години. И многу е битно дека тој беше лидер во двете генерации. Беше исклучително интелигентен, паметен и забавен. За играчките способности не се зборува, феноменален играч“.
- „Васе, јас и Горде Здравков кој исто е тука, како напаѓачка тројка напред бевме најефикасни во тоа Југословенско првенство една година. И навистина бевме страв и трепет, и беше големо задоволство да се игра со него. За неговите човечки врлини, синот Марио и фамилијата знаат повеќе, но и ние многу добро го знаеме и навистина беше топ човек, рече фудбалаката легенда низ солзи“.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.