Спарс на неверојатен начин стигнаа до финалето на Лига на шампиони и собраа многу симпатизери во фудбалска Европа кои ќе навиваат за нив во дуелот со Ливерпул за пехарот.
Неколку необични факти за клубот од северен Лондон кои ќе ве изненадат:
КЛУБОТ Е ОСНОВАН ОД ДЕЦА КОИ БИЛЕ ЧЛЕНОВИ НА КРИКЕТ ТИМ
Во далечната 1882 година, бил вторник 5 септември, недалеку од местото каде денес се наоѓа величествениот „Вајт Харт Лејн“, неколку ученици решиле да оформат фудбалски клуб.
Целта им била проста - сакале само да пополнат време кога завршувала сезоната за крикет. Договориле средба и утврдиле основање на фудбалска екипа. Направиле дури и список на првите членови на клубот.
Списокот на првите членови се чува ден-денес во клупскиот музеј. Сите членови давале по 6 ипол шилинзи во тоа време за клубот да ги има потребните атрибути.
КЛУБОТ ГО ДОБИЛ ИМЕТО ВО ЧЕСТ НА ЈУНАК НА РОМАН НА ШЕКСПИР - ХАРИ ХОТСПУР
Вилијам Шекспир има роман „Хенрих IV“ а главен јунак во него е Хенри Перси. Тој во романот е син на истоимениот Хенри Перси, гроф од Нортумеленд. Перси помладиот го викале Хари Хотспур (hotspur преведено од англиски значи луд, непромислен). Хенри го добил овој прекар поради својот карактер.
Во негова чест била наречена и новооснованата екипа.
Но се испоставило дека овие млади дечки не се единствени љубители на ликот и делото на Хенри Перси помладиот, затоа што паралелно со Хотспур, во Лондон имало и клуб наречен Лондон Хотспур.
Така во 1884 година, дел од следбениците на клубот и играчите решиле да го преименуваат клубот во „Спортски фудбалски клуб Тотенхем Хотспур“. Зборот Тотенхем се појавило во чест на улицата каде се почнало - Тотенхем Хај Роуд.
ПОЗНАТИОТ ПЕТЕЛ НА ГРБОТ СЕ ПОЈАВИЛ УШТЕ ВО 1901 ГОДИНА
На почеток, во склад со името Хотспур, амблемот на клубот била просто буквата H, но почнувајќи од финалето на Купот на Англија во 1901 година на грбот се појавил и петел.
Ова е поврзано со тоа што гореспоменатиот јунак Хари Хотспур бил познат и како редовен посетител на борби со петли. Во 1909 година на стадионот „Вајт Харт Лејн“ бил подигнат и споменик во облик на петелот кој претходно го носеле на фудбалски натпревари. Споменикот го изготвил поранешниот играч на Хотспур - Вилијам Џејмс Скот.
БОИТЕ НА КЛУБОТ СЕ МЕНУВАЛЕ ДО 1898 ГОДИНА
Лондонските ученици од 1882 до 1898 година четири пати ја менувале основната боја. Прво носеле само сини дресови и шорцеви. Потоа во периодот од 1884 до 1886 година боите биле бело-сини, од 1890 година дресовите на кратко им биле црвена боја, а од 1898 година конечно решиле да носат бели дресови со сини риги и таквиот дрес Хотспур го носи ден-денес.
ТОТЕНХЕМ СТАНАЛ ПРВА ЕКИПА ВО 20 ВЕК КОЈА ОСВОИЛА ДВОЈНА КРУНА И ПРВ АНГЛИСКИ КЛУБ КОЈ ОСВОИЛ ЕВРОКУП
Денес сите зборуваат за величината на Гвардиола кој освои тројна круна со Манчестер Сити, но во далечната 1961 година златна двојна круна не било ништо помалку сериозно достигнување.
„Мамузите“ станале шампиони на Англија во сезоната 1960/1961 и го освоиле ФА Купот кој е најстаро клупски турнир на светот. Во 1963 година Тотенхем го освоил и Купот на Купови (денешна Лига Европа) и на тој начин станал првиот англиски клуб во историјата кој освоил злато на меѓународно ниво.
НАЈДОБРИОТ ФУДБАЛЕР НА СЛАВНАТА ГЕНЕРАЦИЈА 1961 ЗАГИНАЛ ОД ГРОМ
Џон Вајт (1937-1964) загинал додека играл голф на еден терен во Енфилд. За време на играта почнале силен дожд и грмотевици. Вајт решил да се скрие под едно дрво а еден силен гром удрил токму тама.
Вајт загинал на 27 години со статус на еден од најдобрите играчи во Англија и Шкотска (бил Шкотланѓанец). Неколку извори тврделе дека трагедијата се случила на фудбалско игралиште а не на голф терен, но нема цврсти докази за тоа.
ТАЛИСМАН НА ЕКИПАТА ВО 1909 ГОДИНА БИЛ ПАПАГАЛ
И покрај тоа што годинава на новиот ултра модерен и луксузен стадион на Тотенхен поставија гигантски златен петел на кровот, клубот во своите почетоци за амајлија го сметал папагалот којшто го донеле од една турнеја по Аргентина во 1908 година.
На бродот со кој се враќале дома се одржал конкурс-карневал. Првото место на карневалот за интересни костуми го добиле играчите на Хотспур кои се облекле како Робинзон Крусо и неговиот верен следбеник Петко.
Награда за прво место бил жив шарен папагал. По пристигнувањето во Лондон папагалот го сместиле во клупската канцеларија и го сметале за талисман. Папагалот поживеал 11 години и умрел дента кога Тотенхем една сезона испаднал во втора лига а во прва лига влегол најголемиот ривал - Арсенал.
Тој момент навивачите го сметале за најболен во клупската историја зошто ривалските навивачи постојано ги зафркавале за испаѓањето. Подоцна амајлија на клубот станал петелот Чирпи.
ПРВИТЕ АРГЕНТИНЦИ КОИ ЗАИГРАЛЕ ВО АНГЛИЈА, ИГРАЛЕ ЗА ТОТЕНХЕМ
До Втората светска војна на странците им било многу проблематично да заиграат во Англија. Законски во лигите можеле да играат само играчи од Велика Британија (плус фудбалери со британски корени) или пак колонијални Британци и Скандинавци.
После Втората светска војна ситуацијата малку се сменила и по крајот на воените дејствија, странците почнале да настапуваат за англиски клубови. Најпознат од нив на почетокот бил голманот на Манчестер Јунајтер, Берт Траутман кој претходно служел војска како германски падобранец.
Работите драстично се смениле на 23 февруару 1978 година кога комисијата на Еропскиот сојуз ги обврзала сите фудбалски федерации од ЕС да ги регулираат своите правила во склад со Римскиот договор за ликвидација на сите граници за слободен проток на луѓе, товар, услуги и капитал.
Раководството на Фудбалската лига отишло уште подалеку и им дозволило на англиските клубови да купуваат играчи од цел свет. Тогаш Тотенхем го водел Кит Беркиншоу чиј советник бил големиот Бил Николсон.
Тотенхем Хотспур се договорил за трансфер на новите светски шампиони со Аргентина - Освалдо Ардиљес и Рики Виља. Освалдо (или Оси како го викале скратено) бил најголема ѕвезда на репрезентацијата на Аргентина. Виља бил поскромен и бил на клупата за резерви кај „гаучосите“.
Ардиљес играл фантастично добро за Тотенхем, речиси исто онака како во дресот на Аргентина. За разлика од него, Виља бил многу носталгичен за дома и мечтаел да се врати во Јужна Америка.
ЕВРЕЈСКА АРМИЈА
Тотенхем се смета за еден од најеврејските клубови во Европа. Стадионот на Хотспур се наоѓа близу некогашниот историски еврејски квартал во Лондон каде голем дел од Евреите наивале за Тотенхем.
Интересно, во полуфиналето на Лига на шампиони, Тотенхем се сретна со уште еден „еврејски“ клуб - Ајакс Амстердам. За оваа приказна наголемо пишувавме тука.
Со текот на времето Евреите во Лондон навивале и за другите клубови од градот, но ривалските навивачи на Тотенхем почнале да пеат навредливи песни на нивна сметка и од тогаш следбениците на Хотспур за себе го задржале називот Yids како жаргонско самонарекување.
Најголемата навивачка група на Тотенхем која има околу 3.500 членови се вика Yid Army.
ПРВИОТ ОФИЦИЈАЛЕН МЕЧ „СПАРС“ ГО ОДИГРАЛЕ ПРОТИВ АРСЕНАЛ
Во Лондон 1887 година кога лондонските клубови ги менувале имињата често. Тогаш Арсенал се викал Дајал Сквер и бил создаден од работниците во заводот Royal Arsenal. А Дајал Сквер бил одделот во заводот каде работеле поголем дел од играчите на клубот. Од таа причина многу навивачи го завикале тимот Арсенал.
Првиот официјален меч Тотенхем Хотспур го одиграле на 19 ноември 1887 по јака зима токму против работниците од Арсенал и победиле со 2:1. Но за волја на вистината, мечот не бил завршен затоа што на 15 минути до крајот веќе се стемнило а рефлектори на теренот немало.
Од тој меч почнува и големото ривалство меѓу Тотенхем и Арсенал.