50 поени за Гордон, трипл-дабл за Јокиќ, ама Кари не е нормален

Во неверојатно драматичен натпревар, Голден Стејт Вориорс го одбрани домашниот терен откако го совлада Денвер Нагетс после продолженија 137:131. Арон Гордон имаше личен рекорд со историски настап од 50 поени од кои 10 погодени шута за три поени, Јокиќ доминираше со трипл-дабл но на крајот Стеф Кари пресуди со лудите тројки.

Натпреварот меѓу воините и Денвер Нагетс уште долго ќе се памети сезонава. Нивната прва пресметка отиде во продолженија благодарение на Стеф Кари кој погодуваше невозможни тројки во негов стил.

Во финишот Денвер имаше водство но Кари погоди две тројки од голема далечина, па се отиде во продолженија. Никола Јокиќ имаше флоутер за триумф но промаши и на крајот конечни 137:11 за Голден Стејт кој има 2-0 на старт од сезоната по триумфот над ЛА Лејкерс во првиот натпревар.

Арон Гордон постигна 50 поени со страшно револверашко издание: 10 погодени тројки од 11 обиди!

Кари на 24 секунди пред крај при негатива од -3 на Вориорс погоди лудачка тројка за израмнување:

24 октомври 2025 - 09:02