Зошто Тотенхем и Ајакс се сметаат за најеврејски клубови во Европа

На Стариот континент има неколку клубови кои историски асоцираат со еврејската дијаспора: Тотенхем, Ајакс, Рома, Славија Прага, Краковија, Видзев. Најпознатите од нив вечерва играат во полуфинале на Лига на шампиони.

Ако се погледне еврејскиот бекграунд на Ајакс и Тотенхем, може да се оцени колку денес оваа врска е силна.

АЈАКС: АМСТЕРДАМ - ВТОРИОТ ЕРУСАЛИМ

Амстердам до Втората светска војна бил еден од главните еврејски градови во Европа. Од ХVII век бил познат и како „Втор Ерусалим“ или „Ерусалим од Западот“. Целата приказна започнува сто години порано: кога од воените судови бегале шпанските и португалските евреи (во Амстердам има дури и португалска синагога).

Дури подоцна од источноевропските земји, воглавном од Руската империја и од пограничните региони кои влегувале во нејзиниот состав, Полска и Прибалтикот, многу евреи се доселиле во Амстердам.

На почетокот на ХХ век во и околу главниот град на Холандија имало околу 100.000 евреи. Тие живееле воглавном во источниот дел на Амстердам, а баш таму се наоѓал стариот стадион на Ајакс - „Де Мер“.

Поранешниот архивист и историчар на Ајакс, Вим Схуварт во една прилика рекол: „Ајакс играше добро. А евреите за своите пари сакаат да добијат квалитетни нешта“.

Речиси сите евреи навивале за Ајакс и после страшната војна (стадионот го преселиле во 1994 година кога екипата се префрлила во другиот реон на грандиозната „Амстердам Арена“). Но локалната општина после Втората светска војна се намалила за 75% од населението: Холандија немала среќа што се граничела со нацистичка Германија.

На нацистите им требало само четири дена да ја стават под контрола целата земја. На почеток пред окупацијата во градот живееле околу 140.000 евреи. После војната останале само 27.000.

Сигурно сте слушнале и за дневникот на Ана Франк, 13-годишното девојче, симбол на страданието на еврејскиот народ која две години водела дневник откако семејството и го пратиле во концентрационен логор.

90% ОД НАВИВАЧИТЕ НА АЈАКС НЕ ЗНААТ КАДЕ СЕ НАОЃА ИЗРАЕЛ

А некаква посебна врска на спортски план меѓу Ајакс и евреите, нема. Јап ван Праг и неговиот син Мајкл во различно време биле претседатели на клубот (ван Праг помладиот денес раководи со Кралскиот фудбалски сојуз на Холандија). Освен нив, еврејско потекло има и Ури Коронел, а од познатите играчи и тренери, еврејски корени имаат: Бени Милер, Сјак Сварт, Џони Рог, Даниел Де Ридер.

„90% од навивачите на Ајакс не знаат дури ни каде се наоѓа Израел. Кога тие скандираат за себе „Евреи, евреи“ или „Суперевреи“, тоа е просто како поддршка за екипата и ништо повеќе“, раскажал еднаш во интервју за Der Spiegel Ханс Кноп, новинар со еврејско потекло.

Во 2013 година режисерот Нирит Пелед дури и снимил филм за навивачите на Ајакс кој го насловил „Суперевреи“. Многу амстердамски евреи и ден-денес навиваат за Ајакс. Според нив нивото на анти-семитизам во општеството е високо. Во филмот се зборува дека во фан-базата на Ајакс не се обрнува многу внимание на Давидовата ѕвезда и на познатата еврејска народна песна Хава нагила.

Поради поврзаноста на еврејската заедница со Ајакс, многу ривалски навивачи често скандираат анти-семитски пароли за време на дуелите со Ајакс.

Во ХХ век оваа асоцијација на Ајакс како еврејски клуб била пораспространета отколку денес. Во минатиот век на секој холандски стадион каде гостувал Ајакс можело да се слушне по некој анти-семитски повик од трибините.

Во '70-те години се појавила навивачката група на Ајакс, F-Side чии членови во знак на протест против анти-семитизмот почнале на стадионите да носат израелски знамиња. И ги носат ден-денес.

Најголемите ривалски групи на Ајакс се оние кои го бодрат Феенорд од Ротердам. Кога играат меѓу себе, навивачите на Феенорд неретко скандираат: „Хамас, Хамс, пусти им гас на Евреите“. Хамас е палестинско исламско движење кое управува со секторот Газа кој се граничи со Израел на југот.

Во неколку земји ова движење се смета за терористичка организација и е забрането, но не и на пример во Русија. Лидерите на ова движење понекогаш доаѓаат во посета на Русија. Новости во вврска со еврејскиот имиџ на Ајакс се појавуваат секоја година.

Во 2004-та поради скандирање: „Хамас, Хамас, пушти му гас на Теминк“, судијата Рене Теминк го прекинал мечот на Ден Хаг со ПСВ. Тој побарал да се испразни трибината зад голот и дури потоа го продолжил мечот.

Во 2008-ма на денот на сеќавање на Холокаустот на видео-бимот на стадионот на Витезе, пред мечот со Ајакс се појавил натпис: „Ура, Ура, да живее Циклон Б“. Циклон Б е гас кој нацистите го користеле за убивање на евреиите во концентрационите логори. Од клубот подоцна се извиниле и кажале дека тоа го направило некое неодговорно лице.

Во 2011-та играч на Де Хаг, Лекс Имерс после победата над вечниот ривал Ајакс им викал на своите навивачи: „Одиме во лов на евреи“. За тоа го казниле 5 натпревари.

Претседателот на Ајакс Ури Коронел дури и побарал од навивачите на својот тим да одбегнуваат да се самонарекуваат евреи, но безуспешно.

Во 2015 година навивачите на Утрехт скандирале: „Евреите горат најдобро од се“. Во 2019-та за време на еден натпревар на денот на сеќавање на Холокаустот, истото го пееле и навивачите на Феенорд. Тоа испровоцирало скандал, па откако полицијата ги открила тие што пееле, ги казнила по 500 евра.

„Знаете, такви работи има од обете страни. Навивачите на Ајакс пример нас не викаат бубашваби, лебарки, затоа што за време на бомбардирањето на Ротердам во 1940-та на улиците се појавиле рој бубашваби. Тие пеат за бомбардирањето. Кога ние скандираме дека мразиме евреи, во вид ги имаме само навивачите на Ајакс и никој друг. Со нив имаме долгогодишно непријателство“, го објаснил ова поведение навивач на Феенорд по име Мохти Ахмед во филмот на режисерот Пелет.

ТОТЕНХЕМ И ПРВИТЕ ЕВРЕЈСКИ НАВИВАЧИ

Во Лондон еврејските мигранти почнале да доаѓаат на крајот од ХIX век и на почетокот од ХIX век. Воглавном доаѓале од Руската империја (претежно од Латвија) каде во тој период почнале антиеврејски погроми.

Постои и мит дека Тотенхем бил основан од Евреи (за тоа пишуваше дури и Marca), но нема многу вистина во тие тврдења. Евреите се доселиле претежно во северниот дел од градот и како што Тотенхем бил најпопуларен клуб во реонот, навивале за него. Нивните квартови ги нарекувале и „Мала Русија“.

Но причината за љубовта кон Тотнем не била само поради неговиот квалитетен состав,п туку и поради местоположбата. Мигрантите, претежно работници, како и помали бизнисмени живееле во кругот на реонот Тотенхем Хејл каде била базата на клубот.

Домашната работничка класа не била најсреќна поради доселувањето на евреите, а меѓу нив имало многу навивачи на Вест Хем и Арсенал кои не го сакале Тотенхем.

Целата позадина која го асоцира Тотенхем со евреите е позната како „Тотенхемски погром“. Во 1909 година анархистичките имигранти Павел Хефелд и Јаков Лапидус во обид на вооружен грабеж имале двочасовна престрелка со полицијата. Јаков Лапидус бил убиен на лице место а загинале и двајца локални жители. Хефелд подоцна умрел во болница.

Локалните весници го поддржале анти-еврејското расположение и за убиствата ја обвиниле месната дијаспора. Евреите се осетиле загрозени и во таква атмосфера стадионот на Тотенхем станал за нив место на обединување каде може да се држат заедно.

„Армија Евреи“

Евреите го поддржувале Тотенхем во текот на целиот ХХ век, а до војната на натпреварите на Спарс доаѓале по 10.000 евреи. Но ситуацијата била многу поинаква од онаа на Ајакс. Клубот го прифатил тој имиџ и меѓу навивачите имало се повеќе евреи.

Тотенхем станал клуб на евреите-мигранти. Дури и оние кои навивале за Арсенал, за време на празникот Јом Кипур (еден од најголемите празници во јудеизмот) решиле да се преобразат и да му се приближат на Тотнем.

На „Вајт Харт Лејн“ еднаш се појавило знамето на Третиот Рајх затоа што во 1935 година Фудбалската асоцијација на Англија решила да организира меч меѓу Англија и нацистичка Германија. Третиот рајх победил 0:3 а знамето со свастика го тргнале неколку минути по крајот од мечот во Лондон.

„Цутот“ на анти-семитизмот по трибините во Велика Британија, како и во Холандија, дошол меѓу '60-те и '80-те години. Се скандирало: „Дали вашиот рабин знае што сте сега?“ „Спарс на пат кон Аушвиц, Хитлер ќе пушта гас“. Понекогаш ривалските навивачи и шушкале со цел да имитираат звук на пуштање гас.

Навивачите на Тотенхем тогаш не можеле да трпат и решиле да ја „свртат играта“. Тогаш се појавила и организирана навивачка група „Еврејска Армија“ (Yid Army) која ден денес е најбројна. 

Но важно е да се напомене дека не сите Евреи навиваат строго за Тотенхем. Според The Jewish Cronicle околу 5% од еврејската заедница навива за Спарс. Англиските клубови во последните години станаа максимално космополитни, па дури и Арсенал има многу навивачи евреи.

Но навивачите на Тотенхем и натаму продолжуваат да се асоцираат себе со еврејска култура. На трибините има банери Army of Yids, се скандира за еврејска армија итн. И исто како оние на Ајакс, така и поборниците на Тотенхем се навредувани каде и да игра нивниот клуб. Не е така жестоко како во Холандија, затоа што има драконски казни, но се употребува погрдниот назив „Јид/Жид“ со разни епитети. Во тоа најгласни се навивачите на Челси чиј сопственик Роман Абрамович и самиот е руски Евреин.

Поради овие неприлики, дури и Светскиот еврејски конгрес (WJC) побарал од навивачите на Ајакс и Тотенхем да се откажат од употреба на еврејската терминологија.

Тројцата последни сопственици на клубот се Евреи. Ирвинг Шолар и Пол Боброф го презеле Тотенхем во 1982 година. Клубот не го одржувале сјајно па во 1990 година биле пред банкрот и морале да го продадат. Го купил Алан Шугар, уште еден бизнисмен со еврејски корени. Баба му и дедо му се родиле во Русија, а татко му бил од Полска.

Даниел Леви - сегашниот претседател и прв човек на Тотенхем

Клубот од Шугар го откупила ENIC Group - британска инвестициска компанија која му припаѓа на Даниел Леви и на Џо Луис. 

Даниел Леви е прв човек на Тотенхем. Тој има многу стереотипна репутација: жесток е во преговорите, расудува пред да троши пари, не серасфрла, и има највисока плата меѓу сите претседатели на клубовите од Премиер лигата - повеќе од 6 милиони фунти годишно.

А фактот останува факт: Тотенхем не купи ниту еден играч во последните година ипол дена, но изгради неверојатно модерен огромен стадион. А екипата стигна до полуфиналето на Лига на шампиони. Првпат за 58 години!