Кристапс Порзингис, кој се смета за еден од најталентираните кошаркари во пресрет на Драфтот, го одржа првиот тренинг во Лас Вегас минатиот петок и ги импресионирал бројните клупски претставници.
Висок 210см, Порзингис има висина и тежина за класичен центар, но е жилав и подвижен, со што неговата игра наликува на онаа на Кевин Дурант. Латвиецот шутира често и тројки, се снаоѓа во играта еден на еден и знае да дели блокади на противниците.
На припремниот период, Порзингис оставил толку силен впечаток што еден од присутните скаути го пофалил јавно.
Аналитичарот на ЕСПН, Чад Форд изјави дека не е чудно Порзингис да биде втор избор на Драфтот или да му парира на Карл-Ентони Таунс на самиот врв.
„Во случајот на Порзингис, мислам дека има доволно докази за тоа колку добро играше во Севиља и сето тоа што ми се допаѓа кај него ќе го покаже и во НБА. Мислам дека ако Порзингис играше на Дјук или во Канзас, сигурно ќе му беше главен конкурент на Ентони Таунс за прв пик на Драфтот. Верувам дека генералниот менаџер на Филаделфија '76, Сем Хинки би можел да го избере Порзингис“, констатираше Чад Форд за Латвиецот.
Експертите на НБА Драфтот велат дека Порзингис ќе биде од третото до осмото место на Драфтот. И покрај целиот потенцијал, Латвиецот има и свои недостатоци, како што е слабата мускулна маса на која мора да проработи.
Порзингис го споредуваат со Дирк Новицки и Андреа Барњани. Италијанецот во НБА влезе како прв пик на Драфтот во 2006. година, но често е склон на повреди и слаб во одбраната. Сличен е и случајот со Јан Весели, поранешниот кошаркар на Партизан. Чехот во 2011. година беше избран како 6. пик на Драфтот, но во моментов игра во Фенербахче, затоа што не можеше да се носи со физички доминатните кошаркари во НБА. Меѓу навивачите во НБА има и скептици за Латвиецот, па така некои потсеќаат и на Драфтот во 2003. година кога Дарко Миличиќ беше избран како втор пик а денес е сè освен поранешен НБА кошаркар.
Тоа секако не значи дека Порзингис нема НБА потенцијал и дека ќе заврши како Барњани и Весели, но во НБА се претпазливи со кошаркарите како Порцингис кои се права мистерија.