Неговиот пат и оној на Меси до врвот се постигнати на различен начин. Аргентинецот е роден вонсериски талент уште од мал и кај него тоа било пресудно, додека на Португалецот тоа што му фалело за да стане светски, го надополнил со екстра работа.
Тоа подразбира останување на тренинг повеќе од другите и индивидуална работа на фитнес во секое време. Тоа е познато кај него отсекогаш, а го прави и ден денес, веројатно сега со малку помал интезитет.
Роналдо е познат како неуморен работник кој не застанува да се посветува на своето тело, кондиција и сè друго што му е потребно за да биде постојано физички топ спремен, затоа држи форма на 35 и успева да направи такви летачки скокови како синоќешниот.
Постојат повеќе докази за неговите луди работни навики, а најновата ја раскажува Бенатиа со кој минатата сезона играа заедно во Јуве.
„На еден натпревар јас и Роналдо останавме на клупа и кога си одевме од стадион ме праша што ми е во план да правам вечер. Му реков дека е скоро полноќ и дека планирам да одам дома да се релаксирам.
На тоа ме праша, дали сакам да одам со него да тренираме, бидејќи не сме се испотиле, а јас му одговорив дека ќе одам дома да гледам тв. Сите се облекуваат за да одат дома после натпревар, а Роналдо става спортска опрема на себе и оди на фитнес. Не е нормален“, сведочи Бенатиа.
Плус сега не е како порано само тегови да креваш. Што нема за да го направиш телото како манекен.
А и жена му му угодува