Кристијано Роналдо пред помалку од 24 часа отвори Јутјуб канал. Бројките му се и повеќе од фасцинантни. Има преку 16 милиони следбеници и над 40 милиони кликови после 19 објавени видеа. Во едно од нив доби задача да избере меѓу два спорта или двајцата спортисти. Прашањето за Новак и Рафа се покажа како најтешко.
Манчестер Јунајтед го совлада Реал Сосиедад на гости, со деби гол на клинец кој е 19 години помлад од тој што му асистираше, а тоа е Кристијано Роналдо.
Кристијано Роналдо не трпи критики. Не многу одамна помина покрај студиото на Скај спорт и се поздрави со сите освен со Џејми Карагер. Пред мечот против Вест Хем, суетата не му дозволи да му каже едно здраво ниту на Невил со кој делеа еден куп убави мигови на Олд Трафорд. Се поздрави со Луј Саха и Џејми Реднап, ама не и со поранешниот соиграч кој го критикува на тв.
Во големата радост на португалската репрезентација која ја победи Република Ирска со 2:1 во 96-та минута, најјак беше Пепе кој зграпчи еден од редарите. Дечкото остана присебен, а хит ќе беше ако славеше со нив.
Барселона против Баерн го доживеа најголемиот срам во последниве 70 и кусур години, а дебаклот се надзираше уште по првите 45 минути во кои губеа 1:4. Капитенот беше снимен на пауза како дреме на стол, што е скроз некапитенски, особено во меч од ваква важност.
Обично е фер и во секоја прилика прави селфи со оние кои улетуваат на сред натпревар да се сликаат со него. Ама синоќа Јувентус беше толку „бос“, без шут во рамки на противничкиот гол, така што фрустрацијата на Кристијано веројатно била причина за ваквиот револт со натрапникот.
Бидејќи деновиве е ИН да се прават споредби 2009-та со 2019-та, да ѕирнеме и малку статистика на таа тема, ама опасна. Ете до колку се мрднати овие двајца. Кој ли ќе ги стигне нивните дострели со кои ги поместија границите во фудбалот?
Секој што прати и чита повеќе фудбал, треба, а веројатно знае дека за да стане Кристијано Роналдо тоа што е денес се убил од работа, што подразбира тренинг, тренинг и само тренинг, секогаш повеќе од другите.
Откако дојде во Јувентус, Кристијано Роналдо стана прв изведувач на слободни удари, пред Миралем Пјаниќ и Пауло Дибала кои шутираа во изминатите неколку сезони. До денес Роналдо извел 28 директни слободни удари и учинокот му е : 7 шута му одбраниле голманите, 2 завршиле надвор од рамките на голот, а 19 во жив ѕид.
Не знаеме дали на толку срушени им е уште предизвик воопшто да бркаат нови, ама ако продолжат да играат на ова ниво, тие сами ќе си дојдат. Што се однесува до број на голови, нема кој да ги стигне во блиска иднина. Роналдо 129, Меси 115.
Малку не е на место насловов, бидејќи глупаво е да ги ставиш во еден ваков дуел, ама еве нека не биде така. Да видиме каков старт има Гонзало, а каков Роналдо на тренинг на Јуве.
Стадионот Олимпико во Рим за сега е прв и единствен домаќин на дуелот меѓу двајцата најдобри во едно вакво финале. Помина една деценија, а како вчера да беше. Каков мега дуел беше тоа меѓу две страшни екипи предводени од Фергусон и Гвардиола кој тогаш ја почна ерата во Барселона.
Прашањето го добива Бонучи од шпанскиот весник АС во пресрет на големата битка во Мадрид, а одговорот за тие што знаат кој скот е за работа е сосема очекуван. И на 34 години го тера истото темпо плус има ниво на издржливост како никој друг.
Постара е, ама многу добра и неверојатно реална. Кристијано Роналдо се појавува како главен лик во реклама на француската телекомуникациска компанија SFR (Société française du radiotéléphone).
Со 12 погодоци, Роналдо е втор стрелец во Серија А, зад лидерот Пјонтек од Џенова кој има 13. Португалецот вчера првпат после 20 и кусур натпревари по ред во сите натпреварувања, седна на клупата за да одмори, а кога влезе му донесе бод на Јувентус против Аталанта.