Рекордите во ЛШ кои им фалат на Роналдо и Меси

Не знаеме дали на толку срушени им е уште предизвик воопшто да бркаат нови, ама ако продолжат да играат на ова ниво, тие сами ќе си дојдат. Што се однесува до број на голови, нема кој да ги стигне во блиска иднина. Роналдо 129, Меси 115.

И оваа сезона како изминатите една од топ темите во Лига на шампиони се рекордите кои обично им влегуваат во статистичките табели на најдобрите двајца во светот.

На 12 март годинава, Роналдо на пример постави нов рекорд. Со 34 години и 35 дена стана најстар стрелец на хет-трик на мечот Јуве – Атлетико 3:0. Претходно тој примат го држеше Клаудио Пизаро со 34 години и 34 дена на дуелот Баерн – Лил 6:1 одигран во 2012-та.

Ај сега со ред да видиме кои рекорди им фалат на двајцава.

ГОЛОВИ ВО ФИНАЛЕ

Најмногу голови во финалиња: Алфредо Ди Стефано, Ференц Пушкаш (7) (Реал Мадрид)

Стрелец во најмногу финалиња: Алфредо Ди Стефано (5) (Реал Мадрид 1956, 1957, 1958, 1959, 1960)

Најмногу голови во едно финале: Ференц Пушкаш 4 (Реал Мадрид 1960)

Меси има постигнато 2 гола во две финалиња (2009 и 2011), а Роналдо 4 во три финалиња (По 1 во 2008 и 2014 и 2 во 2017).

НАСТАПИ

Најголем број на настапи во Лига на шампиони: Икер Касиљас 181

Најголем број на настапи на сите европските натпреварувања: Икер Касиљас 188

Меси на оваа листа е 24-ти со 139 настапи, а Роналдо кој е постар од него две години е петти со 170. Ова им се настапите на сите европски натпреварувања. На Португалецот му требаат уште четири за да го стигне Малдини.

УСПЕХ СО ПОВЕЌЕ КЛУБОВИ

Најмногу освоени трофеи во ЛШ со различни тимови: Кларенс Сидорф (3) (Ајакс 1995, Реал Мадрид 1998, Милан 2003, 2007)

Стрелец на најмногу екипи: Златан Ибрахимовиќ (6) (Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ)

Меси е цела кариера во Барселона, а Роналдо може да го стигне Сидорф, но само ако освои ЛШ со Јуве, бидејќи до сега тоа му успеа со две екипи, Манчестер и Реал.

НАЈСТАРИ СТРЕЛЦИ

Во финале на ЛШ: Паоло Малдини (36 години и 333 дена) Милан – Ливерпул 2005-та

Во групна фаза: Франческо Тоти (38 години и 59 дена) ЦСКА Москва – Рома 2014-та

На сите европските натпреварувања: Манфред Бургсмилер (38 години и 293 дена) Вердер Бремен – Динамо Берлин (1988)

За Роналдо да го мине Малдини, првата шанса би ја имал ако игра финале во сезоната 2021/22, а пак Меси во 2023/2024, но само ако финалето се игра пред 23 мај, во спротивно ќе треба да чека следната година.

НАЈБРЗИ ГОЛОВИ

Најбрз гол во ЛШ: Рој Макај (10.12 секунди) Баерн Минхен – Реал Мадрид, 2007-ма

Најбрз гол во финале на ЛШ: Паоло Малдини (53 секунди) Милан – Ливерпул, 2005-та

ХЕТ-ТРИКОВИ

Најбрз хет-трик: Бафетимби Гомис (8 минути) Динамо Загреб – Лион, 2011-та

Најбрзиот хет-трик на Меси му е за 22 минути против Арсенал во 2010-та, а на Роналдо за 16 минути против Баер Леверкузен во 2012-та.

БРОЈ НА ГОЛОВИ ПО СЕЗОНИ

Најмногу голови во една сезона: Радамел Фалкао (18), Порто 2010/2011

Најдобрата сезона на Меси му е 2011/2012 кога постигна 14 гола, а Роналдо има 17 во 2013/2014.

Стрелец во најмногу сезони: Рајан Гигс (16)

Меси стрелаше во 14 сезони по ред со што го стигна Раул, а Роналдо во вкупно 14. Во првите две сезони за Јунајтед не даде гол. Ова значи дека може да го стигнат Гигс во 2020/2021.

2 октомври 2019 - 14:22