Алехандро Гарначо со 18 години и 125 дена стана најмладиот стрелец меѓу странците за Манчестер јунајтед во европските купови. Аргентинецот всушност го реши мечот во 17-та минута со одличен финиш на додавање на Роналдо.
Малиот дебитираше за првиот тим на Манчестер Јунатед на 28 април минатата сезона против Челси, кога доби шанса во судиското продолжение.
Сезонава има еден настап во Премиер лигата и пет во Лига Европа, а групната фаза ја завршува во голем стил, со гол вреден 3 бода и тоа постигнат на асистенција на неговиот идол Роналдо.
На видеото може да се забележи како учтиво го прашува дали може да го прослави како него, а овој му дозволува.
Роналдо сезонава со замени славното „сиууу“ со друга прослава која за прв пат ја покажа кога против Евертон го даде голот број 700.
Маскотата на Реал Сосиедад пак тера со старата прослава на Португалецот