Мечот меѓу Атлетико Мадрид и Јуве кој се игра утревечер е едно од најјаките двојки кои можеа да се паднат во осминафиналето на ЛШ. Колку само глад за пехарот има кај овие две екипи кои имаат по две тазе загубени финалиња. Јуве во 2015-та и 2017-та, Атлетико во 2014-та и 2016-та.
Тоа ќе биде битка меѓу Роналдо и добро познатите градски ривали од Мадрид, како и на Мората против своите.
Во пресрет на натпреварот весникот АС го седна на интервју Леонардо Бонучи кој доби прашање за Кристијано Роналдо. Колку и да некој мисли дека овој човек е презаситен со 5 титули во ЛШ и 5 пати прогласуван за најдобар во свет, се лаже. Во неговата глава очигледно постои само едно нешто, а тоа е „напорна работа“.
Нешто што го красеше уште како млад кога гореше од желба да се докаже од што материјал е. И покрај неговите години кои се сметаат за ветерански во фудбалот, човеков не застанува и во новата средина.
„Роналдо се разликува по неговиот интензитет и едноставен начин на игра. Тој е прв кој го поддржува тимот со позитивни зборови. Неговиот начин на тренирање е неверојатен. Секој ден по завршувањето на тренингот ќе го најдете како прави дополнителни вежби во фитнес центарот. Има моменти кога неговите нивоа на издржливост се едноставно запрепастувачки. Тој е машина и јас имам голема восхит спрема него“, објаснува Бонучи.
Стоперот на Јуве не крие дека целта оваа сезона им е освојувањето на ЛШ. Целото интервју тука.