СПАЛ се врати во Серија А минатата сезона и тоа по пауза од 49 години. Се работи за мал клуб од градчето Ферара кое има 132.000 жители, а се наоѓа на 44 км од Болоња.
Зборуваме за клуб кој 41 пат бил третолигаш и 26 пати второлигаш, а најголемиот успех во историјата им е финале во Купот на Италија кое го загубиле од Наполи пред 60 години.
Кусиов историјат ви го презентираме чисто за да знаете колку утепана екипа успеа да го победи Јувентус во натпревар кој заврши два у кец и во натпревар за кој нелогично беше висока двојката.
Колку и да нема муабет и докази дека е местенка не можеш, а да не се сомневаш. Па уште два у кец ја дава, ајде ви се молам.
Поради комотната предност пред Наполи Јуве излезе со комбиниран состав за што критики имаше од Синиша Михајловиќ.
„Да играш против најсилниот тим е тешко, да играш против резервниот тим би било незгодно бидејќи имаат одличен состав, но не е фер да испратиш на терен играчи од вториот или младинскиот тим. СПАЛ го направи тоа што требаше и победи. Навистина не е фер кон другите екипи, не ми се допаѓа тоа, но тие нема да се загрижат поради критиките. Таков е италијанскиот фудбал, мора да имаш нешто контроверзно.“, изјави стратегот на Болоња
Но како и да било со Јуве за што не можеме да тврдиме, овие се феномени. Беа во борба за опстанок и немаше да биде чудно уште да се уште во опасната зона.
Но тие и избегаа од таму со разлика 6 бода, а погледнете на кои екипи им собраа по 3 бода. Рома два пати го окрка од СПАЛ. Да се чуди човек.
СПАЛ – Парма 1:0
СПАЛ – Аталанта 2:0
Рома – СПАЛ 0:2
Парма – СПАЛ 2:3
СПАЛ – Рома 2:1
СПАЛ – Лацио 1:0
СПАЛ – Јувентус 2:1