Во Сони пикчрс почувствувале дека може да биде проблематично дури и сатирично експлодирање на глава на моментално жив човек, кој, патем, држи прст на нуклеарно оружје. Најлесно им било да пишат меил.
Секој економски крах со себе повлекува и барање за отпис на долговите. Приходите со чија помош требаше да ги вратите кредитите, исчезнаа, додека имотот ставен под залог изгуби вредност. Доверителите го бараат своето, должниците бараат помош.
Додека некои од нас сè уште не можат да ја од-видат Неда Украден со фаца и говор на телото на Рамштајн од „Твоето лице ми звучи познато", во други контексти дефиницијата на „бизарно" во телевизиските шоуа е за неколку нивоа повисоко. На Германците на пример не им е доволно некој да е маскиран во Тома Здравковиќ, туку треба и да крши ореви со гз.
Запрашан зошто верува дека вонземјани го регрутирале за да ја спаси Земјата, добитникот на Нобелова награда, математичар и шизофреник, Џон Неш, одговорил "Затоа што мислите за натприродните суштества ми дојдоа на ист начин на кој ми дојдоа и математичките мисли. Па ги сфатив сериозно."
Немало никаква херојска авантура, туку само крвопроливање, не треба да се слави Денот на Колумбо, своевремено напиша во својата книга A People's History of the United States, историчарот Хауард Зин.
Ерик Дезенхал има 52 години, а во последните 30 расчитува туѓи скандали и срамови - теми од типот дали треба да се извиниш или да удриш по критичарите, дали треба да ја извадиш жена ти пред камери кога се извинуваш за некој секс скандал или како да се одбраниш од Твитер линчови? Секој пат различно.
Против волјата на човекот кој ја обедини Германија, деновиве излегуваат во книга неговите исповеди во кои ама ич не ги штеди големите политички фигури како Меркел или Горбачов.
Запленет од умерени сириски бунтовници, преку локални посредници во Турција, магазинот Форин Полиси стига до лаптопот на Тунижанецот Мухамед С., поранешен фан на Селин Дион, сега посветен на џихад и масовно труење луѓе.
Темата ја разговараат научници и режисери, едните врз основа на макотрпни експерименти и анализи, другите врз основа на интуиција и искуство. Примерот им е сцената со формула од Ајронмен 2.
До сега актуелната теорија на темава ја дели потрошувачката на "трошење пари на животни искуства" и "трошење пари на материјални добра." Заклучокот беше дека среќата се максимизира од: купување искуства, а не работи. Сега едно ново истражување ја искомпликува равенката за среќа.
Преголемиот и премудар Туркменбаши доживува слична судбина како титовата, кому заклетвата "да са твога пута не скренемо" му ја раскурцаа уште Броз неизладен. Осум години откако се упокои Сапармурат Нијазов, Туркменистан и наследникот на неговиот трон се дрзнаа да му свртат грб и да се дистанцираат од неговото иделошко наследство. Убав повод да се потсетиме на нашиот омилен диктатор на сите времиња.
Едноставна е тајната на успешно окончување бескрајна дискусија со некој политички фанатик. Ако уште не сте дојдени до животната лекција таквите да ги отерате у три лепе по што блажено ќе ги игнорирате, па со нив уште ви се плетка и објаснува, читнете како тие најефикасно се замолчуваат.
Ова е универзална вистина која важи и за земји со средени финансиски институции како што е САД. Што со оние кои се надвор од системот? А нив не ги има малку, ги има повеќе отколку што гласале за Обама. 10 проценти од парите на семејствата кои не се во банкарскиот систем одат на неговата замена. Тоа е исто онолку колку што овие семејства трошат на храна.
Зијах Гафиќ и е босанско-херцеговски фотограф кој изминатите неколку години прави колекција на фотографии од предметите со кои се закопани жртвите на масакрот во Сребреница. Деновиве неговите фотки беа објавени во магазинот Feature Shoot.
Како што беше очекувано бик прободе човек на трката во Памплона, она што се случува за прв пат во трката е што еден од прободените е човек што буквално има напишано книга за трчањето со бикови.
Познатите светски готвачи денес имаат статус на рок ѕвезди. А нивен Елвис сигурно е Ентони Бордеин, лошиот дечко кој во голема мерка го поттикна трендот на американската опседнатост со храната.
Некои митови имаат научно објаснување и се на место, други се базираат на "ловечки приказни" од луѓе што звучат смртно самоуверени за своите подвизи и како дошло до нив. Во секој случај ги има доволно за луѓе да седнат и да напишат цела книга на темата.
Според завршната сметка што Сојузниците ја прават на крајот од Втората светска војна, Адолф Хитлер во времето на својата смрт има имот од околу 800.000 долари во денешни пари. Ова е во согласност со неговиот долгогодишен став дека не го интересираат пари. Ова не е во согласност со вистинската состојба.
Mногу убаво ни доаѓа кога од време на време автор кој инаку се занимава со „посуви" теми ќе си го отвори лирскиот фолдер и ќе ни се покаже во сета негова сетилност. Во случајов се работи за Теофил Панчиќ и неговиот текст во најново „Време", кој тежи и капе од хедонизам.
Не е листа туку е цела книга со вакви податоци кои за дополнителен ефект се и меѓусебно поврзани, од типот луѓето што биле на состаноци на слепо, е поверојатно да имаат визит карти.
Дуелот во приказната е меѓу Голијат, џиновскиот воин, кој наспроти себе го има овчарот Давид. На крај сепак Давид е тој што успева да му ја отсече главата на Голијат и да влезе во историјата. Проблемот е што сите овие векови ние погрешно ја раскажуваме приказната.
На сите фактори кои се виновни за бавниот раст на економијата, се приклучи и еден фактор на кој работи целата планета и секоја можна мисица - мир во светот, односно "упорноста и очекувањето на мир."