Исходот од битката е точен, проблемот е што сето ова време во прераскажувањето се изоставаат некои факти кои би биле клучни во премерот на силите меѓу двајцата.
"Зошто Давид го нарекуваме аутсајдер? Па, затоа што тој е дете, мало дете, а Голијат е голем, силен џин. Исто така затоа што Голијат е искусен воин, а Давид е само овчар. Уште поважно, го нарекуваме аутсајдер, затоа што Голијат е опремен со модерно оружје, светкав оклоп, меч, две копја, а се што Давид има е чатал," објаснува Малком Гладвел во својата книга "David & Goliath: Underdogs, Misfits and the Art of Battling Giants".
Главната грешка е што во целата приказна Давид е претставен како беспомошно момче кое има само чатал за да се одбрани. Приказната не се гледа од тогашна перспектива, кога војската е составена од три вида на војници: луѓе кои се борат со чатали и стрели (Давид), пешадија составена војници кои се добри за борба со мечеви од блиску (Голијат), и коњаници.
Голијат е пешадинец, Давид има чатал. Целата борба се одвива од дистанца, двајцата никогаш не се приближуваат, заради што Давид има перфектен избор на оружје. Голијат е во подредена ситуација уште во моментот кога почнува борбата.
"Очекувањата на Голијат кога ги предизвикува Израелитите на дуел е дека тој ќе се бори со друг тежок пешадинец. Тој вели: 'Дојдете кај мене и со вашето месо ќе ги нахранам птиците на небото и ѕверовите во полињата,' тука клучна фраза е 'Дојдете кај мене.' Неговите очекувања се дека ќе се борат гради во гради. Истите очекувања ги има и Саул. Кога Давид му вели 'Јас сакам да се борам со Голијат,' и Саул (тогашниот крал) се обидува да му го даде својот оклоп, затоа што помислува дека овој од близу ќе се бори со Голијат 'дека ќе се бори гради во гради, пешадија на пешадија.'
Меѓутоа Давид не помислува на ова. Тој нема вака да се бори против него. Зошто би го правел ова? Тој е овчар. Цел живот го минал користејќи го чаталот за да го одбрани своето стадо од волци и лавови. Тука е неговата сила. Овчар, искусен во користење на ова оружје, соочен со овој огромен џин кој е под товарот на десетици килограми штит и располага со овие неверојатно тешки оружја корисни само за борба од близу. Голијат е глинен гулаб. Нема никаква шанса," објаснува Гладвел во својот говор на ТЕД.