Пред некое време Фејсбук потсети дека полни 15 години, а луѓето што го користат од почеток се потсетија дека за ова време минаа цела лепеза на чувства кон социјалната мрежа од првичната затресканост во нејзе до сегашната омраза и презир за нејзината штетност.
Марк Галеоти е автор и експерт на тема руска политика и криминал, чија главна порака од сета таа експертиза е дека Западот комплетно погрешно го има протолкувано Путин како и комплетна Русија.
Потребно е историчари да излезат на телевизија и да објаснат што се случува, затоа што кога беше економската криза само економисти беа интервјуирани на ТВ, а ова се токму истите луѓе кои не видоа дека кризата надоаѓа, порачува историчарот кој направи организаторите на Светскиот економски форум да се пишман што воопшто го поканија.
Иако немаат конкретен план за ова, најблиските советници на францускиот претседател знаат дека таков случај ќе му дозволи тој да се претстави како „ужален вдовец“, се тврди во новата книга „Мадам претседател“ напишана од две француски новинарки.
Еден од главните мераци на Трамп на новата позиција е своите гости да ги шета низ Белата куќа, тура која за поблиските вклучува и посета на местото каде Бил Клинтон и Моника Левински систематски доведоа до импичмент на Бил.
На младите им е неподносливо дека овде цел живот ќе треба работат само за да можат да преживеат додека родителите не им цркнат и после да ја добијат недвижноста што родителите им ја стекнале во социјализмот.
Разликата меѓу американски и македонски политичари е во тоа што за првите нивниот мандат е сеидба за подоцна евентуално да пожнеат пари од својата популарност. За македонските, жетва е самиот мандат, пошто после неговото завршување, и онака никој не ги ферма.
Не бил никогаш во Словенија. На домашна забава еднаш му ја донеле вотката и забавата му тргнала. Од сите можни поводи за интервју со Бил Мареј, ова е за тоа.
Кон крајот на 90-те Корин Хофман пишува книга за тоа како го напуштила својот сопруг за еден Масаи воин и како имала дете со него. Денес многу повеќе имаат книги за пишување.
Твитер има 230 милиони активни корисници, од нив 100 милиони го користат сервисот секој ден, сите тие заедно испраќаат речиси половина милијарда твитови на ден. Во досегашното постоење твитерџиите имаат испратено 300 милијарди твитови и за тоа на Твитер му имаат платено 0 долари.
30 години од издавањето на првиот албум на Дисциплина кичме, Која е малку збунет од баналноста на денешната музика. Вели: Денес и "Smoke on the water" звучи како алтернативна песна а беше нешто од што панкот побегна.
Кога се работи за сексуални скандали во медиумите, се чини на темата се претплатени Католичката црква и СПЦ. Но, сeксуални предатори има и во други верски организации во кои изгледаат сосема "неприродно". Оммм...
Објаснувањето како ТВ сериите станаа толку богати и софистицирани, како дузина музичари можат да си дозволат спектакуларни концерти и продукција, како толку многу филмови добија толку многу скапи продолженија, се сведува на тоа дека на крај е многу поевтино да вложиш многу пари.
Денешните деца се преморени - главно затоа што не ги добиваат за нив потребните девет часа спиење. Наместо да се инсистира на тоа децата да спијат, можеби треба да се промовира и нешто од што можат да научат и возрасните - релаксацијата позната како „сонување на јаве".
Поранешниот потпретседател на САД има долгогодишни проблеми со срцето заради што долго време е со пејсмејкер. Последниот пат, на пејсмејкерот му ги извадиле вајерлес функциите за да не можат терористи да му го хакнат срцето.
На последното пребројување во јуни Амазон имаше 97.000 вработени. Број 1 во компанијата е Џеф Безос, кој верува дека секој нов менаџер со своето унапредување мора да ја помрдне границата на перформансите во компанијата.
Првиот човек на Амазон и Вашингтон Пост е еден од најуникатните претприемачи на денешницата. Книга за него во која само тој не е интервјуиран, открива интересни детали за неговиот стил на менаџирање.
Откако Асанж во отворено писмо го критикува Камбербач нарекувајќи го "платеник" за тоа што прифатил да го глуми во филм базиран на книга кој е напишана против него, британскиот актер реши да ја каже својата страна на приказната.
Џулијан Асанж му пишал писмо на британскиот актер кој го игра во филмот The Fifth Estate. Зошто не требало да ја прифати улогата и зошто нејќе да се види со него.
Меѓу Хитлер и Холивуд постоел сосема солиден пакт и во 30-тите и во 40-те години на минатиот век, открива истражувач од Харвард. Соработката течела беспрекорно иако добар дел од главните луѓе на тогашен Холивуд биле Евреи.
Дилемата е околу тоа што тажната музика може да предизвика силни емоции, но и покрај тоа типот на тага предизвикан од музиката во исто време е и пријатен на некој начин.