За да добиеш унапредување твојот шеф треба да ги убеди останатите менаџери во компанијата зошто ти ја заслужуваш новата позиција. Ако тој или таа даде добар аргумент, ти одиш напред. Ако не, чекаш уште 12 месеци.
Процесот за унапредување се вика ОЛР (Organization and leadership review) и е составен од два годишни состанока, на кој се собираат високите менаџери.
Првиот состанок е некаде во февруари или март, и на него менаџерите разговараат за вработените за да видат кој добро работи, а кој забушава и кои од овие луѓе ќе добијат промоција.
На вториот состанок (септември, октомври), овие луѓе разговараат за оние кои претходно ги предложиле за промоција и гледаат кој од нив добро работел а кој потфрлил.
Менаџерите на Амазон ги делат вработените на три нивоа: топ 20-те проценти кои ги подготвуваат за унапредување, следните 70% кои гледаат да ги одржуваат среќни, и долните 10% кои или ги отпуштат или им даваат рок да се поправат.
Системот е создаден од самиот Безос, кој смета дека на овој начин ќе се спречи политизирањето на унапредувањата и внатрешните битки. Од друга страна, дел до вработените сметаат дека ова има спротивен ефект.
"Амбициозните вработени се навикнаа да минуваат месеци на ручеци и кафиња со колегите на нивните шефови, со цел да осигураат позитивен глас во случај да бидат предложени за унапредување," пишува Бред Стоун во својата книга The Everything Store: Jeff Bezos and the Age of Amazon.