Работи што не ги знаевме минатата година ова време

БиБиСи на куп собра нови и до сега (генерално) непознати факти кои годинава се појавија во вестите. Доста работи се научиле.

1. Жешките пијалаци имаат различен вкус во шолји со различна боја.

2. На 2% од Европејците им недостасуваат гените за миризба во пазувите.

3. Жените изгледаат најстаро секоја среда во 15:30 часот.

4. Принцот Чарлс не го користел метрото во Лондон од 1986-та до 2013-та.

5. Горниот дом на британскиот парламент има стрелиште за пушки.

6. Женките од овие (http://en.wikipedia.org/wiki/Hawksbill_sea_turtle) желки, можат да ја складираат спермата до 75 дена.

7. Нервозното тресење со раце или нозе е добро за концентрацијата кај мажите, ама не и кај жените.

8. Вилијам е презиме кое има најголемо опаѓање од 1901-ва.

9. Поп ѕвездата од 80-те, Глен Медеирос е заменик директор во средно училиште во Хаваи.

10. Харибо го добива името според нивниот основач ХАнс РИгел и неговиот роден град БОн.

11. Управувачите на дронови имаат иста стапка на пост-трауматски стрес како и воените пилоти.

12. Мајмуните избегнуваат себични луѓе.

13. "Тетка" е најпребаруваниот порно термин во Сирија.

14. Јужнокорејските медиуми најчесто ги споменуваат тамошните политичари само по иницијали.

15. Јужно-африканската република беше вклучена во BRICS (Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужна Африка), бидејќи со неа акронимот е подобар отколку со Нигерија.

16. Во моментов во Британија има повеќе елени отколку во кој било период од Леденото доба до денес.

17. Некои Норвежани имаат сериозен став околу тоа дали дрвото за огрев треба да биде складирано со кората на горната страна или на долната страна.

18. Во вселената не паѓаат солзи.

19. На вечера во Шведска никогаш не треба да ја свиткаш салфетката и да ја ставиш пред тебе, пред тоа да го направи домаќинката.

20. Бил Бејли купи жив був во кинески ресторан за да го тргне од менито.

21. Жените навистина сакаат длабоки и зарипнати гласови.

22. "Луцифер" и "." (точка) се забранети имиња за бебиња во Нов Зеланд.

23. Правилното користење на зборовите "don't" и "won't" во пораките на сајтовите за лични контакти, го зголемува бројот на одговори за над една третина.

24. 6х8 е множењето што децата најмногу го грешат, а за 9х12 им треба најмногу време.

25. Бебињата учат да прават гримаси уште додека се во стомакот за да можат да покажат дека се несреќни откако ќе се родат.

26. Мажите кои немаат доволно спиено мислат дека жените се повеќе заљубени отколку што тие навистина се.

27. До неодамна американската морнарица бараше сите официјални пораки да бидат испраќани само со големи букви.

28. Летот на Quantas од Сиднеј до Далас е најдолгиот комерцијален лет во светот - 13.790 километри.

29. Генот за пигментација SLC45A2 е одговорен за постоењето на бели тигри.

30. Французите до сега немаа официјален збор за француски бакнеж. Сега е "galocher".

31. Филмот Животот на Брајан останува забранет во делови на Германија, ама само на Велики петок.

32. Знакот за "и" (&) некогаш бил официјална буква во латинската азбука, која следувала по буквата "Z".

33. "Sweet Dreams" на Јуритмикс е најчесто погрешно цитирана песна во Британија.

34. Во Австро-Унгарија можело да се вози и на лева и на десна страна.

35. Најредок ПИН број е 8068.

36. Во книжарници муштериите е 6 пати поверојатно да купат книга за романтика или готвење, ако почувствуваат мирис на чоколадо.

37. На научниците се уште не им е комплетно јасно како функционира велосипедот.

38. Во Кенија има традиција на трчање гол, ноќно време.

39. Шимпанзата и орангутаните пливаат грбно.

40. Полиаморните луѓе имаат измислено збор кој го опишува чувството спротивно од љубомора - compersion.

41. Носењето на маскирна облека е прекршок во Барбадос.

42. Ти треба маса висока 2,4 метри за да бидеш сигурен дека кришката леб нема да ти падне на земја од намачканата страна.

43. Мажите со широки лица ги прават луѓето околу нив посебични.

44. Соработниците го научиле Бил Клинтон еден џиуџицу потег за да може да избегне евентуално гушкање од Јасер Арафат пред камерите.

45. Кубанските спасувачи користат зајаци душкачи за откривање луѓе во урнатини.

46. Луѓето ставаат повеќе бело вино во чаша отколку црно.

47. Советите имаа објавено детска книга во која беше опишан 5-годишниот план на Сталин.

48. Некои видови на торбари се парат со толкав интензитет што умираат од тоа.

49. Универзалниот закон за уринирање значи дека на слоновите, кравите, козите и кучињата им требаат по 21 секунда за да ја испразнат својата бешика.

50. Темпото на одење кај мажите се забавува за 7% ако се со девојка или сопруга, меѓутоа не и за други жени. Ако се со мажи, тогаш се забрзува.

51. Оригиналното име на Амазон е Relentless, а УРЛ-то relentless.com се уште редиректира на Амазон.

52. Најефективен период за пиење кафе е меѓу 9:30 до 11:30 часот.

53. Ли Харви Освалд се уште должи книга во библиотеката во Далас.

54. Пасвордот на говорната пошта на Вејн Руни бил Стела Артоа.

55. Во библијата има само едно кивање.

56. Во Русија има воена единица составена само од близнаци.

57. Папата има работено како обезбедување.

58. Математичките шанси да ја сретнеш твојата сродна душа е 1 спрема 10.000.

59. Во Бразил правењето скара е форма на јавен протест.

60. Урбаниот кос расте побрзо од неговите рурални роднини.

61. Мајките мислам дека нивното најмало дете е пониско отколку што тоа навистина е, и покрај тоа што правилно ја проценуваат височината на останатите деца.

28 декември 2013 - 17:08