Мојот Зен го кова твојот Зен

Кога се работи за сексуални скандали во медиумите, се чини на темата се претплатени Католичката црква и СПЦ. Но, сeксуални предатори има и во други верски организации во кои изгледаат сосема "неприродно". Оммм...

Една од најголемите будистички заедници во САД е потресена од скандал инициран од книга која го открива она што инсајдерите го знаеле одамна - дека некои од врвните религиски авторитети биле сексуални офанзивци.

Во центарот на обвинувањата е самиот гуру Еидо Шимано Роши, основач и лидер на њујоршкиот центар за будистички студии. Во книгата на Марк Опенхајмер "Зен предаторот од Апер Ист Сајд" се наведени изјави од жртви и материјални докази за бројни сексуални врски како и шемите за нивно прикривање.

Сепак, ниедна од овие сексуални релации не било силување или пак уцена. Се работело за доброволен секс а интимноста со својот учител, девојките ја сфаќале како дел од нивното духовно просветлување.

Останува фактот дека главниот водач ја користел својата моќ и харизма врз следбеничките и ја злоупотребувал нивната ранливост. Целиот случај нема толку врска со самиот будизам колку со злоупотребата на авторитетот и во таа смисла, сеедно е дали се работи за будистички гуру, шеф на компанија или претседател на партиска организација.

17 ноември 2013 - 09:47