Првиот од петте вкупно преживеани инфаркти Дик Чејни го доживува на 37 години.
Оттогаш е под постојан медицински мониторинг а лани успешно му е извршена и трансплантација на срце.
Во интервју за Си-Би-Ес, поранешниот потпретседател на САД призна дека последниот уред што го носел бил намерно "осакатен" од некои функции. Имено, поради опасноста врз првите луѓе на САД по објавената војна против тероризмот, надлежните служби процениле дека непријателот би можел да го искористи пејсмејкерот на Чејни како ранлива точка па решиле да му ги оневозможат безжичните функции.
Слична сцена Чејни видел во серијата Хоумленд и вели дека е фрапантно колку тоа одговарало на неговиот вистински случај.
Тој и неговиот кардиолог неодамна издадоа заедничка книга за сите епизоди од неговата одисеја со своето срце.