Новата книга „Тим од змии“ на поранешниот советник во Белата куќа, Клиф Симс, меѓу другото пишува за навиките на Трамп и однесувањето со гостите во резиденцијата.
Турата обично се состои од покажување на сè ново со што Трамп ја има освежено Белата куќа од почетокот на мандатот (лустери, уметнички слики и сл.), и ругање на својот претходник.
Од историските факти Трамп не пропуштал да спомне колку бил висок Линколн, а колку му бил мал креветот. Додека од поблиската историја редовно се жали за состојбата во која Обама ја оставил салата за вечери, и за дупката што ја направил во ѕид во Западното крило. Притоа не заборавајќи да спомне дека Обама таму седел и по цел ден гледал бејзбол.
Посебен мерак на Трамп му било блиските гости да ги одведе до местото на кое Бил и Моника имале секс.
Вашингтон пост анализира дека ова не е ни најмалку ново однесување на Трамп, кој пред мандатот има навика своите гости да ги шета низ Трамп кулата во Њујорк, и да им ја покажува својата колекција на подароци од славни личности што ги собрал, потпишани насловни од списанија и фотографии со познати спортисти.
Според книгата, турата некогаш е и со коментар од гостите околу дневните настани, од типот од кој кандидат на демократите најмногу се плаши за 2020 или што мисли за истрагата на Милер.
Едната од работите што го нервира Трамп се бројните муви што се појавуваат во Белата куќа, и неуспехот на неговите соработници да се справат со нив.