60 години откако го убија и го стoпија во киселина, некогашната колонијална сила Белгија реши да го врати она што останало од легендарниот борец за независност на Конго, Патрис Лумумба. Зборуваме за заб. Еден единствен факинг заб.
Луксузниот комплекс „Грин коуст ресорт и резиденции“ на албанската ривиера, инвестиција на групацијата БАЛФИН, несомнено е една од најпосакуваните дестинации за ова лето.
Како либералните елити ја користат расната припадност на работниците за да создадат неединство меѓу нив, за да не им текне дека и да се бели и да се жолти, сите се на трудот црн народ.
Револуционерна ултра-бела боја за фасади има неверојатни перформанси за одбивање на сончевата светлина и ладење на објектот. Веќе се користи на некои грчки острови.
Прашање: Како богатите бели земјопоседници ги осуетија црните робови и белите слуги и аргати да се обединат во заедничка борба за економска правда?
Одговор: Со тактиката „раздели па владеј“ остварена преку концептот на расата. Создади им чувство на белите слуги дека се супериорни кон робовите заради бојата на кожата и изманипулирај ја белата сиромаштија дека секој ќар за црнците оди на нивна штета.
ДНК тест на средовечен белец од Калифорнија покажал дека тој, меѓу другото, има и шест проценти црнечки гени. Сега се бори да се квалификува за субвенции кои им се даваат на бизниси на припадници на малцинствата.
Инспирирани од „Framing Britney Spears“, луѓе почнуваат да прегледуваат стари интервјуа и да се гадат од лошиот третман што го добиваа жените во едно друго време.
Во име на хармонизирање на регулативите, во ЕУ од следната година ќе бидат забранети два масовно користени пигмента кои се дел од околу 70% од палетата која денеска ја користат тату артистите. Ако не побрзате, ќе си останете црно- бели.
Ова можеме со еднаква доза чемер да го гледаме како снимки од кафичи во 2019 : ништо од тоа што го гледаш не можеш сега да го правиш. Ама кафињата од 2019 кога-тогаш ќе се вратат, овие лезетскиве, со сите дотерани и со една мисла на памет: уживам со кафе и точка - тешко.
Како да не беше доволен досегашниот уплав, меѓутоа американските доктори сакаат да знаете дека ретки се случаите кога рендгенска снимка од ковид-19 пациенти се вратила без да покаже сериозно оштетување на белите дробови.
Жално е што Меган Маркл имала спонтан абортус. Секогаш е жално кога среќна бремена жена ќе го загуби бебето. Но, истовремено е чудно што Маркл избра да пишува јавно за абортусот на така емотивно-разголувачки начин во Њујорк Тајмс. Нели со Хари сакаа приватност? Да ги остават воајерските медиуми на раат? А сепак, ете ја Маркл, нѐ кани сите, сосе Њујорк Тајмс да сведочиме на еден од најинтимните моменти во нејзиниот живот.
Сме виделе како тече во туш кабина кога е тазе фарбана, ама вака да излезеш на говорница, да се испотиш и да тече боја не сме виделе. Фризерите сепак, имаат објаснување.
…Каде што „новото нормално“ не се однесува на секојдневието со пандемија, туку светот во кој живееме каде што сѐ е навредливо и никако не можеш да победиш ако си јавна личност.
Јас сум четврта категорија на живот: немам возачка, немам автомобил, немам ни електричен тротинет, ни точак, ни двор. Мерен со технолошки критериуми на брзината и октанската ефикасност, јас сум нешто меѓу пензиониран полжав и уморна желка.
Која е сега „вистинската работничка партија на Америка“, се прашува Мат Таиби анализирајќи ги резултатите на Трамп кој наспроти сите учени анализи, изгуби заради недоволната поддршка на белците, додека кај сите други помина одлично. Изгуби и заради пандемијата но на оние кои им е најважна економијата, тој убедливо им е поуверлив од Бајден.