Снежна приказна од ерата на раниот кансел

Како денес се развива една сосема вообичаена ситуација кога некаде ќе заврне снег, а некој ќе реши да направи Снешко.

8:00: Направив Снешко.

8:10 - Помина феминистка и ме праша зошто не сум направил Снешка.

8:15 - Направив Снешка.

8:17 - Комшиката феминистка се пожали на облините на Снешка.

8:20 - Геј двојка која живее во близина промрчеа дека сум можел да направам двајца Снешковци.

8:22 - Трансџендер маж, жена, лице... праша зошто не сум направил снежна фигура со заменливи делови.

8:25 - Вегани се пожалија на носот од морков, дека тоа е за јадење, а не за украсување.

8:28 - Ме нарекоа расист бидејќи Снешко и Снешка беа бели.

8:31 - Комшија со потекло од Блискиот исток бараше на Снешка да ѝ биде покриено лицето.

8:40 - Пристигна полиција по пријава дека некој бил навреден.

8:42 - Феминистката од комшии бараше да се отстрани метлата на Снешка бидејќи со тоа на сите жени им се наметнуваат домаќински обврски.

8:43 - Локален советник за еднаквост и инклузивност се закани дека ќе ме протераат од маало.

8:45 - Дојде и ТВ екипа и откако на прашањето што е разликата меѓу Снешко и Снешка, на шала им одговорив: „Две снежни топки“, ме нарекоа сексист.

9:00 - Се најдов на вести како потенцијален терорист, расист и  хомофобен провокатор кој гледа да предизвика проблеми во невреме.

9:10 - Социјалните служби ми ги одземаа децата.

9:29 - Крајни левичари и воини за социјална правда маршираа по улицата и бараа да бидам уапсен.

До пладне, Снешко и Снешка се стопија. 

Наравоучение:

Оваа приказна нема наравоучение. Ова е приказна за тоа на кое дереџе дојдовме заради снегулките.

5 април 2021 - 16:39