Стан како симбол на војната против минимализмот

Многу боја и антиквитети прават уникатно слоевит стил. Имате ли вие „уникатно слоевит“ простор за живеење? Треба да имате.

Овие зборови ги употребува магазинот House Beautiful за ентериерот на Кејти Куртис, чии клиенти ѝ довериле Тудорска куќа од ’30-те во Бруклајн, Масачусетс. И првата директива била:

„Не сакам бели ѕидови“.

Куртис која и самата сака шарено била воодушевена од нарачката. Проблем било само што самата конструкција на домот не дозволувала да влегува многу светлина - имало опасност ентериер богат со бои и шари да делува клаустрофобично.

„Градбата е свртена кон внатре,“ објаснува архитектот најмен да помогне со модернизирањето на домот, „и пресечена во еден куп мали простори без пристап до надвор.“

Доаѓаат до неконвенционално решение, да издлабат централни скали над влезот. Просторот функционира како еден вид внатрешен двор околу кој се движат останатите соби. Но не запираат овде - на покривот прават дупка во центарот на домот за да направат „бунар од светлина“ (со рачно сликани стакла) кој ја преплавува куќата со сончева светлина од внатре. Останатите соби остануваат како поинтимни простории околу централниот простор.

Покрај светлосниот бунар, новиот распоред има голем број на корисни соби, наместо да има отворен простор. Куќата е мала, па морале баш да издлабат одредени делови.

Од надвор:

Соба за играње:

Видете каква наткасна:

И, ќе кречите, или како?

6 септември 2021 - 00:00